Јачмиште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Зашле. Претставува населба и топилница од доцноантичко време. Се наоѓа на 1 км западно од наоѓалиштето Караиче и 4 км западно од селото, каде во нива на месен жител се среќаваат остатоци од топена железна руда и многу градежен материјал (камен и покривни ќерамиди). Биле најдени и повеќе римски монети кои се чуваат кај сопственикот на нивата.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Дабовја — населба и топилница од доцноантичко време; Караиче — населба и топилница од доцноантичко време; Куќиште — населба и топилница од доцноантичко време; Кале — населба од средниот век; На Куќишта — некропола од доцноантичко време; Старо Кочиште — населба од средниот век; Зашле; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Зашле