Ренато Вугринец (; р. во Цеље) — професионален словенечки и македонски ракометар, кој играл во РК Металург и настапувал за Репрезентацијата на Македонија.

Животопис Вугринец добил македонски пасош со одлука на Владата на Македонија донесена на владина седница на 10 декември 2013.

Кариера Вугринец има настапувано на Летните олимписки игри 2000 и на Летните олимписки игри 2004. По добивањето на македонското државјанство, тој настапил за репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Катар.

На 7 февруари 2015 година, на натпреварот против РК „Војводина“ одигран во рамките на регионалната ракометна лига „СЕХА“, Вугринец се збогувал од дресот на РК „Металург“, поради неисплатените плати предизвикани од финансиската криза во клубот. Притоа, на натпреварот, Вугринец бил најдобар стрелец, со постигнати девет голови, а на крајот од мечот бил бурно поздравен од своите помлади колеги во тимот на РК „Металург“.„Збогум за Вугринец, младите стапија на сцена во Металург“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 23.

Наводи

Категорија:Родени во 1975 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Ракометари од Цеље Категорија:Македонски ракометари Категорија:Олимписки ракометари на Словенија Категорија:Ракометари на Летните олимписки игри 2000 Категорија:Ракометари на Летните олимписки игри 2004