мини|десно|250п|Устието на Швина во Балтичкото Море во Швиноујшќе, Полска.

Поморски Залив (; ; ) — залив во југозападниот дел на Балтичкото Море, на бреговите на Полска и Германија.

На југ е одделен од Шчеќинскиот Залив со устието на реката Одра со островите Узедом/Узнам и Волин, поврзан со три премини или ракави на Одра: Ѓивна, Швина и Пене. Северна граница е линијата од ’ртот Аркона на германскиот остров Риген со светилникот Госки на исток од Колобжег во Полска.

Максимална длабочина е 20 метри, а соленоста е околу 8 ‰. Поморскиот Залив е пресечен од подлабок канал од пристаништето во Шчеќин, преку реката Одра, Шчеќинскиот Залив и Швина, со цел да им се овозможи да влезат и поголеми бродови во пристаништата во Швиноујшќе и Шчеќин.

Пристанишни места Најважни пристанишни места во заливот се следниве:

Волгаст Ѓивнув Колобжег Узедом / Узнам Швиноујшќе Шчеќин

Поврзано Поморје Шчеќински Залив Риген

Надворешни врски

Туристичка страница за Западното Поморје Полска туристичка страница за Западното Поморје Германска туристичка страница за Поморјето

Категорија:Заливи во Полска Категорија:Заливи во Балтичкото Море Категорија:Географија на Мекленбург-Западна Померанија Категорија:Западнопоморско Војводство Категорија:Заливи во Мекленбург-Западна Померанија Категорија:Германско-полска граница