Св. Пречиста — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Мало Илино. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа во темелите на новоизградената црква, која била изградена во 1979 година. Таа се наоѓа на оддалеченост од околу 1,5 км од селото, од левата страна на патот. Во непосредната близина на црквата има камени плочи од гробни конструкции поставени во правец исток-запад.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Граишта — топилница од доцноантичко време; Калец — топилница од доцноантичко време; Св. Илија — црква од средниот век; Мало Илино; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Мало Илино