ЖРК Вардар е женски ракометен клуб од Скопје, Македонија. Екипата редовно настапува во женската ракометна лига на Македонија, а исто така, била учесник и во Лигата на шампиони. Боите на клубот се: црно-црвена. Своите натпревари како домаќин, клубот ги играл најпрвин во СЦ „Борис Трајковски“, а од сезоната 2014-2015 во СЦ „Јане Сандански“. Канцелариите на клубот се наоѓаат на бул. Октомвриска револуција, бр. 18, 1000 Скопје.
Историја Клубот најпрвин настапувал како ЖРК „Вардар“, а подоцна играл под името ЖРК „Вардар-Осигурување“. Се работи за клуб со најголема традиција и историја во женскиот ракомет во Македонија. Клубот е формиран во 1961 година, од тогашниот РК „Графичар“ и сè до денес го задржува името „Вардар“. Во времето на СФРЈ, клубот се натпеварувал во Втората сојузна лига, Македонско-косовската лига и Македонската лига. По осамостојувањето на Македонија, клубот продолжил да се натпреварува во женската ракометна супер лига, каде секогаш завршувал во горниот дел на табелата. Исто така, во повеќе наврати, клубот настапувал на европската ракометна сцена. Во сезоната 2013-2014, клубот го носел името ЖРК „Вардар СЦБТ“, а по завршувањето на сезоната го променил името во ЖРК „Вардар“. Притоа, интересно е да се спомене дека во Лигата на шампионите, клубот настапувал како ЖРК „Вардар“, додека во првенството на Македонија играл под името „Вардар“, додека втората екипа настапувала под името ЖРК „Вардар“.
Настапи во македонската ракометна лига Првиот голем успех на домашната сцена, ЖРК „Вардар“ го постигнал во 1994 година, кога го освоил Купот на Македонија, победувајќи го во финалето „Кометал Ѓорче Петров“. Подоцна, во сезоната 2011-2012, клубот го освоил второто место во ракометната лига и играл во полуфиналето од Купот на Македонија. Една година подоцна, во сезоната 2012-2013, ЖРК „Вардар СЦБТ“ конечно станал шампион на Македонија.
Во сезоната 2013/2014, ЖРК „Вардар СЦБТ“ по вторпат едноподруго ја освоил шампионската титула во македонската лига. Притоа, по одиграните 20 кола, клубот имал 19 победи и еден нерешен меч, со гол разлика од 758:364, при што освоил 58 бодови, т.е. 9 бодови пред второпласираниот тим ЖРК "Металург". Истата година, клубот ја освоил и двојната круна, победувајќи во финалето од Купот на Македонија.ЖРК Вардар СЦБТ - официјално мрежно место (посетена на 28.5.2014)
Во сезоната 2014/2015, „Вардар“ повторно го освоил Купот на Македонија. Притоа, најпрвин, на 15 мај 2015 година, во полуфиналето го победил вториот тим на „Вардар“ со 39:26, а еден ден подоцна, во финалето убедливо го победиле и тимот на „Металург“ со 34:16 (17:11). За најкорисен играч на Ф4 турнирот била прогласена Андреа Пенезиќ, која во финалето постигнала осум гола.„Трет куп трофеј за Вардар“ (пристапено на 19.5.2015)„Вардарки лесно против „помладите“ за пласман во финалето на Купот“ (пристапено на 19.5.2015)ЖРК Вардар - официјално мрежно место (пристапено на 19.5.2015) Неколку дена подоцна, на 20 мај 2015 година, во претпоследното коло од Суперлигата, ракометарките на „Вардар„ ги примиле пехарот и медалите за освоената трета шампионска титула, која ја обезбедиле уште претходно. Притоа, шампионската титула била освоена без ниту еден претрпен пораз или нерешен резултат, освојувајќи ги сите можни 60 бодови и со гол разлика од 781:389.„Вардарки ги примија одличјата за третата титула“, Дневник, година XIX, број 5772, петок, 22 мај 2015, стр. 26.„Вардарки го кренаа пехарот, повторно сме шампиони!“, ЖРК Вардар - официјално мрежно место (пристапено на 26.5.2015)ЖРК Вардар - официјално мрежно место (пристапено на 6.6.2015) Најубедливата победа во сезоната, ракометарките на „Вардар“ ја оствариле на 19 мај 2015 година, победувајќи го ЖРК „Пелистер 2012“ со 52-10.„Вардарки ја остварија најубедливата победа оваа сезона“, ЖРК Вардар - официјално мрежно место (пристапено на 26.5.2015)
Во сезоната 2015/2016, „Вардар“ ги продолжил успешните настапи и по четврти пат во низа станал шампион на Македонија, а истата година го освоил и Купот на Македонија, со што третпат едноподруго ја освоил двојната круна.
Во сезоната 2016/207, „Вардар“ ја освоил петтата шампионска титула во низа и четвртата двојна круна. Притоа, во финалето на разигрувањето, екипата на „Вардар“ била убедливо подобра од „Вардар СЦЈС“, победувајќи со резултат 54:24 (24:11).„Петта титула и четврта двојна круна за Вардар“, ЖРК Вардар - официјално мрежно место (пристапено на 30.5.2017)
Меѓународни настапи ЖРК "Вардар" настапувал на меѓународната сцена во повеќе наврати, и тоа: 1994/95 Куп на градови 1995/96 Куп на градови (1/16 финале) 1999/00 Куп на градови (1/16 финале) 2001/02 Челенџ Куп 2002/03 ЕХФ Куп 2003/04 ЕХФ Куп 2008/09 Челенџ Куп 2009/10 Куп на победници на купови 2011/12 ЕХФ Куп Лига на шампионите 2013-2014 Во сезоната 2013-2014, „Вардар“ го постигнал најголемиот успех на меѓународната сцена, изборувајќи учество во Лигата на шампионите. Најпрвин, клубот играл во групата „Д“, каде остварил пет победи и еднаш одиграл нерешено . Оттука, клубот се пласирал на второто место и изборил учество во натамошните натрпевари, а потоа и на финалниот турнир на Лигата на шампионите, одржан во Будимпешта. Таму, на 3 мај 2014 година, ЖРК „Вардар СЦБТ“ играл со црногорскиот шампион „Будуќност“ при што, во регуларниот дел натпреварот завршил нерешено 16:16 (6:11), но по двете одиграни продолженија, ЖРК „Вардар СЦБТ“ загубил со 20:22. Утредента, во борбата за третото место, ЖРК „Вардар СЦБТ“ го победил тимот на „Митланд“ со 34:31 (14:12).„Вардарки во Будимпешта отидоа по изненадување“, Дневник, година XVIII, број 5454, петок, 2 мај 2014, стр. 24.
2014-2015 Во сезоната 2014-2015, ЖРК „Вардар“ играл во групата „Б“ од групната фаза на Лигата на шампионите. Во првото коло, одиграно во Подгорица, тимот на ЖРК „Вардар“ изгубил од црногорскиот шампион ЖРК „Будуќност Подгорица“ со 17:23 (9:12).„Кастратовиќ: Ова е само прв меч и има уште многу да се игра“, Дневник, година XVIII, број 5597, вторник, 21 октомври 2014, стр. 24. Во второто коло, одиграно на 26 октомври 2014 година во Скопје, „Вардар СЦБТ“ го победил тимот на „Турингер“ со 26:21 (12:10). Притоа, во тимот на „Вардар“ се истакнале голманот Ина Суслина, која имала дури 29 одбрани и најдобриот стрелец, Андреа Пенезиќ, која постигнала осум гола, поради што од страна на ЕХФ била прогласена како една од трите ѕвезди на колото.„Пенезиќ меѓу трите ракометарки-ѕвезди на колото во ЛШ“, Дневник, година XVIII, број 5602, вторник, 28 октомври 2014, стр. 24.„Суслина бранеше сè, Вардар стаса до планираните два бода“, Дневник, година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 22. Во третото коло, ЖРК „Вардар“ му гостувал на тимот на „Подравка“ од Копривница, каде остварил тесна победа од 27:26 (11:13). Најефикасни во тимот на „Вардар“ биле Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ, со постигнати седум и шест гола, соодветно.„Пенезиќ: Вардар помина, но грешките треба да се поправат“, Дневник, година XVIII, број 5607, вторник, 4 ноември 2014, стр. 23. Во четвртото коло, одиграно на 9 ноември 2014 година, „Вардар“ играл на домашен терен против „Подравка“ при што остварил убедлива победа од 35:25 (15:10), со што го обезбедил пласманот во натамошната фаза од Лигата на шампионите. Најефикасна ракометарка во тимот на „Вардар“ била Јованка Радичевиќ, со постигнати пет гола.„Вардарки со Подравка се загреваа за Будуќност“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 22. Во петтото коло, одиграно на 16 ноември 2014 година во Скопје, ЖРК „Вардар“ одиграл нерешено со „Будуќност“ 24:24 (9:11), додека во шестото коло, одиграно на 22 ноември 2014 година, на гостувањето против „Турингер“, „Вардар“ изгубил со 20:21 (12:10).
На тој начин, ЖРК „Вардар“ се пласирал во втората фаза од лигата, каде играл во втората група, заедно со екипите на „Будуќност“, „Динамо Синара“, „Лајпциг“, „Крим“ и „Турингер“. Притоа, врз основа на резултатите од првата фаза, ЖРК „Вардар“ пренесол три бода во втората фаза.„Лајпциг е првиот предизвик за Вардар“, Дневник, година XIX, број 5679, петок, 30 јануари 2015, стр. 22. Притоа, во првото коло, ЖРК „Вардар“ загубил на гостувањето во Лајпциг со 23-26.„Кастратовиќ: Не бараме алиби, му се посветуваме на Крим“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 22-23. Меѓутоа, во второто коло, одиграно на домашен терен, тимот на „Вардар“ убедливо го поразил тимот на „Крим“ со 41-30 (21-12). Најефиксни во тимот на „Вардар“ била Јованка Радичевиќ со постигнати оум гола, додека Лејно имала дури 21 одбрана.„Кастратовиќ: Одигравме најдобар меч откако сум тренер на екипата“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 23. Како резултат на добрата игра, Радичевиќ била избрана меѓу „трите ѕвезди“ на колото, додека Лејно ја имала најдобрата одбрана на колото.„Радичевиќ меѓу „трите ѕвезди“, Лејно со најатрактивна одбрана“, Дневник, година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 23. Во третото коло, одиграно на 15 февруари 2015 година, ЖРК „Вардар“ изгубил на гостувањето кај „Динамо Синара“ со 25-33 (12-15). Во следното коло, на домашен терен, „Вардар“ бил подобар од тимот на „Лајпциг“, совладувајќи го со 26-21 (10-9). Најдобри во тимот на „Вардар“ биле голманот Суслина со 16 одбрани, Ања Алтхаус со постигнати шест гола, како и Ихнева и Јулија Николиќ кои постигнале по пет гола.„Вардарки му вратија на Лајпциг со камата“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 19. Потоа, на 6 март 2015 година, „Вардар“ убедливо победил на гостувањето против „Крим Меркатор“ со 47-29.ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место (посетена на 12.3.2015) Во последното коло од втората фаза, на 14 март 2015 година, во Скопје, „Вардар“ го победил тимот на „Динамо Синара“ со 28-27. Така, на крајот, со вкупно 11 освоени бодови, ЖРК „Вардар“ завршил на третото место во групата, со учинок од пет победи, еден нерешен резултат и четири порази, со гол-разлика од 277:254.ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место(посетена на 31.3.2015)
На 4 април 2015 година, во борбата за учество на завршниот турнир на најдобрите четири тимови, на домашен терен, „Вардар“ го совладал актуелниот европски шампион „Ѓер“ со 24-18. Во натпреварот особено се истакнале голманите на „Вардар“, Ина Суслина, која со своите 13 одбрани била прогласена за една од трите „ѕвезди“ на првото четвртфинално коло и Амандин Лејно, чија двојна одбрана при пеналот била прогласена за најдобра одбрана на колото. Исто така, и една од одбраните на Суслина влегла меѓу петте најдобри одбрани на колото (на четвртото место).ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место (посетена на 7.4.2015) Најпосле, голот на Јованка Радичевиќ, постигнат со „цепелин“ бил рангиран на третото место во изборот на петте најубави голови на колото.„Лејно со најдобра одбрана, Суслина и Радичевиќ во топ-5“, Дневник, година XIX, број 5736, вторник, 7 април 2015, број, стр. 23. На 11 април, на гостински терен, ракометарките на „Вардар“ одиграле нерешено 27-27 и на тој начин, по вторпат по ред, избориле пласман меѓу четирите најдобри тимови во Европа.ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место (посетена на 15.4.2015) Најефикасна ракометарка во редовите на „Вардар“ била Андреа Пенезиќ, која со постигнатите осум гола се нашла меѓу трите ѕвезди на колото, според изборот на „ЕХФ ТВ“. Исто така, голот на Маја Сокач влегол меѓу петте најубави голови на колото, а и голманот Лејно повторно се нашла на списокот на петте најдобри одбрани.ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Пенезиќ повторно меѓу ѕвездите на колото од ЛШ“ (посетена на 15.4.2015)