Христијан Кировски (; роден на 12 октомври 1985 година) — македонски поранешен професионален фудбалер кој настапувал на позицијата напаѓач, моментално прв помошник тренер во сениорскиот тим на Вардарhttps://www.slobodenpecat.mk/en/kirovski-e-novata-desna-raka-na-fabijani-vo-vardar/
Кариера Тој почнал како младинец во Вардар Скопје, кој на 16 годишна возраст, дебитирал за првата екипа под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски. Една година подоцна се преселил во ОФК Белград, каде што останал три и пол сезони. Последната година од договорот со ОФК Белград 2005 година бил позајмен на Металург од Запорожје.. По кратко време во Украина, тој се враќа во Македонија каде што ја продолжил својата кариера во ФК Македонија Ѓорче Петров, каде на 11 натпревари постигнал 4 гола, но добива повреда која го оддалечила од теренот 3 месеци. Во сезоната 2005/2006, тој се преселил во Кипар, во екипата на Етникос Ахна каде на 11 натпревари постигнал 9 голови во 2006 година. Во јануари 2007 година, се вратил во неговиот матичен клуб Вардар, каде што одиграл успешна полусезона и постигнал 8 гола на 18 настапи. Во јуни 2007 година, се преселил во градскиот соперник Работнички при што на 22 натпревари постигнал 12 пати, и го освоил домашното првенство и националниот куп. По добрата сезона во македонското првенство, Кировски потпишал за романската екипа Васуи каде во 10 натпревари постигнал само два гола. Сезоната 2010/ 2011 година, повторно се вратил во македонскиот фудбал, каде што играл за ФК Скопје, и каде што ја одиграл до тогаш најдобра сезона во кариерата и постигнал 20 гола во 29 натпревари.
Добри настапи во македонскиот фудбал му донел повторно префрлање назад во Кипар, во тимот Аполон Лимасол каде што имал одлична сезона со 22 натпревари и постигнати 12 гола. Во сезоната 2012 година, прешол во израелскиот Хапоел Нир Рамат Хасхарон, каде одиграл половина сезона и постигнал 3 голови на 5 настапи. Во јануари, се преселил во грчкиот Ираклис 1908 од Солун, каде што одиграл одлична сезона со 15 гола во 25 натпревари. Во летниот преоден рок, тој направил преселба во бугарскиот првак ЦСКА Софија каде што постигнал 4 гола на 9 натпревари. Во периодот на зимскиот преоден рок, тој ја напуштил ЦСКА и потпишал за полскиот ГКС Белшатов. Во јули 2014 година, после кратката авантура во Полска, преминал во Тетово во тимот на Шкендија, каде што за година и половина, тој забележал 34 натпревари и 14 гола. Во јануари 2016 година, се пресели во тајландскиот Прачуап каде што за една сезона постигнал 16 гола во 20 настапи и завршил како трет стрелец во лигата. Во зимскиот преоден рок во 2017 година, тој останал во Тајланд и прешол во екипата на Чаингмаи. После две години поминати на Тајланд, во јануари 2018 година, тој се вратил во Македонија во тимот на Работнички.
Репрезентација До 2010 година, тој настапил за сите младински селекции до 21 година, а во 2010 година, тој забележал два настапи за сениорската репрезентација.
Тренерска кариера Почетокот на кариерата thumb|Младинскиот тим на ФК Скопје како првак во сезоната 2024/25.
Кировски ја започнал тренерска кариера во 2024 година, служејќи како шеф на младинскиот тим на Скопје во втората младинска лига за играчи до 19 години со која направил голем успех освојувајќи го првото место во сезоната 2024/2025 година. Од јули 2025 година е назначен како помошник тренер во фудбалскиот клуб Тиквеш 1930 Кавадарци во Првата македонска фудбалска лига.https://www.gol.mk/fudbal/kirovski-nov-pomoshnik-na-mojsov-tikvesh-zakazha-chetiri-silni-kontrolki-vo-turcija. Во Октомври 2025 година е назначен за прв тренер на младинскиот тим на Вардар до 17 години. На 1 август 2026 година бил назначен за прв помошник тренер на Вардар.
Успеси
Младински првак со ФК Скопје во сезоната 2024-2025. Куп на Македонија со ФК Вардар за играчи до 17 години.
Наводи
Надворешни врски Profile at MacedonianFootball.com Profile at FFU website Profile at National-Football-Teams
Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Скопје Категорија:Фудбалери на ФК Шкендија Категорија:Фудбалери на ОФК Белград Категорија:Фудбалери на ФК Етникос Ахнас Категорија:Фудбалери на ФК Ираклис Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Луѓе со потекло од Егејска Македонија Категорија:Луѓе со потекло од Штип