Видрауци — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Ново Село. Претставува населба и некропола од средниот век. Се наоѓа на 1 км јужно од селото, на десниот брег на реката Жаба, каде според кажувањето на месен жител, при обрботувањето на земјата откривал темели ѕидани од кршен камен и кал, а исто така и гробови со конструкции од камени плочи, поставени во насока исток-запад. Во еден од нив бил најден керамички сад.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Над Селото — населба, црква и некропола од средниот век; Над Црквата — црква од средниот век; Ракински Дол — населба и некропола од средниот век; Ново Село; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Ново Село (Демирхисарско)