Стари Гробишта или Црквиште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Света. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 200 м југозападно од селото, каде во 1970 година е изградена новата црква „Св. Петка“. Таа е подигната врз стари темели, кои се видливи, што ѝ припаѓале на некогашната црква Св. Пантелејмон. Околу црквата се откриени гробови градени од камени плочи, со насоченост исток-запад. Во сегашната црква се наоѓа чесна трпеза од мермерен блок со натпис посветен на жител од селото.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Широка Леска — населба и некропола од средниот век; Света; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Света