Билјана Црвенкоска (, ) — македонска ракометарка. Кариерата ја почнала во 2001 година во Кометал Ѓорче Петров и во вкупно деветте сезони поминати во клубот (пет во Кометал ЃП и четири во Еуростандард ЃП) постигнала најголема афирмација како играч. Својата интернационална кариера Црвенкоска ја почнала во тимот на ГАС Артас од Грција (2006/2007). Една сезона настапувала и во тимот на Усќудар во Турција (2008/2009). Последните три сезони, од 2009 до крајот на 2012 година, го носела дресот на италијанскиот клуб Салерно.
Со репрезентацијата на Македонија, Билјана Црвенкоска настапила на три европски првенства (ЕП 2006 во Шведска, ЕП 2008 во Македонија и на ЕП 2012 во Србија) и на Светското првенство во Франција во 2007 година.
Категорија:Македонски ракометарки