ФК Јувентус (од , во превод „младост“), познат и само како Јувентус или колоквијално скратено Јуве — италијански фудбалски клуб од градот Торино, Пиемонт. Моментално се натпреварува во Серија А, највисокото ниво на италијанскиот клупски фудбал, каде ги минал сите сезони од своето постоење со исклучок на сезоната 2006-2007.

Основан во 1897 година од група локални средношколци,. Јуве е вториот најстар професионален клуб во Италија меѓу оние што сè уште активни во земјата, по (1893); тој е исто така и најтрофејниот и клуб со најголема спортска традиција како и еден од најреномираните во светот со освоени 72 официјални трофеи во својата историја, вклучувајќи го и рекордот од 36 титули шампион на земјата од која доаѓа и уште 11 титули во натпреварувањата на УЕФА.

Врската со семејството Ањели, која трае речиси непрекинато од 1923 година, е првото и најдолготрајното претприемничко-спортско партнерство во Италија; преку необичен модел на управување воспоставен во меѓувреме, клубот Јувентус станал еден од првите италијански спортски клубови што постигнал професионален „ante litteram“,. воспоставувајќи се на национално ниво од следната деценија и на меѓународно ниво од средината на 70-тите години на дваесеттиот век. Во следната деценија станал првиот клуб што ги освоил сите три големи европски натпреварувања: Купот на УЕФА (1976-1977), Купот на победниците на куповите (1983-1984) и Европскиот куп на шампиони (1984-1985); а со триумфите во Суперкупот на УЕФА 1984 и Интерконтиненталниот куп 1985, Јувентус исто така станал првиот и останал единствениот клуб во светот кој ги освоил сите пет официјални машки натпреварувања на УЕФА, рекорд, дополнително подобрен со успехот во УЕФА Интертото купот 1999.

Според пласманот на сите времиња објавени во 2009 година од страна на IFFHS, организација призната од страна на ФИФА, врз основа на перформансите на клубовите и меѓународните натпревари, Јувентус е најдобар клуб во Италија и втор во Европа за XX век, зад .Најдобри европски клубови за 20. век

Своите домашни натпревари Јувентус ги игра на Стадионот Јувентус, преименуван од спонзорски причини во Алијанц стадион, кој е со капацитет од 41.507 седечки места. Откако во првите години настапувале во розеви дресови, на почетокот на дваесеттиот век клубот ја усвоил денешната играчка опрема составена од црно-бели дресови и црни или бели шорцеви.

Историја

thumb|left|Екипата на Јувентус од 1905, која го освоила првото скудето. Во есента 1897 година, во Торино бил основан Спорт-Клуб Јувентус на иницијатива на група ученици од средното училиште Масимо д'Аѕељо; меѓу нив биле и Лујџи Форлано и браќата Еуџенио и Енрико Канфари. Три години подоцна, клубот се пријавил за своето прво првенство на Италија..

Првата национална титула пристигнала во 1905 година, сепак, само една година подоцна, претседателот на клубот, швајцарецот Алфред Дик, по жестоките судири во соблекувалната, го напуштил Јувентус и, заедно со група важни членови, се приклучил на Торинезе од кој подоцна се родил :. епизодата која, покрај тоа што го означила потеклото на Дербито на Торино, била почеток на серија финансиски и спортски проблеми за Јувентус кои кулминирале во 1913, кога клубот избегнал испаѓање во понизок ранг благодарение на репешаж.

По Првата светска војна, Јувентус, кој се опоравил под претседателството на Џузепе Хес и Корадо Корадини, ја подобрил својата позиција во првенството и ги обезбедил првите играчи на италијанската репрезентација.. Едоардо Ањели го презел претседателството во клубот на 24 јули 1923 година. Со понатамошното доаѓање на првиот професионален тренер, унгарецот Јено Кароли, дошло и освојувањето на второто скудето во сезоната 1925-1926.

Првиот победнички циклус на клубот, благодарение на придонесот на важни елементи како што биле Џовани Ферари, Раимундо Орси, Луис Монти и одбранбеното трио составено од Комби-Розета-Калигарис,. се случил помеѓу 1930-1931 и 1934-1935, кога Јувентус освоил пет последователни првенства и се пласирал во полуфиналето на Митропа купот четири години по ред; тренер на тимот во четири од петте победнички сезони бил Карло Каркано.. Многу играчи токму на Јувентус го формирале јадрото на италијанската репрезентација, победник на Меѓународниот куп на Средна Европа и Светското првенство 1934.. Прераната смрт на Едоардо Ањели, која се случила во 1935 година, се совпаднала со крајот на „Златните пет години“. Сепак, кон крајот на меѓувоениот период дошол и првиот Куп на Италија за Бјанконерите освоен во 1938 година.

Во периодот после Втората светска војна под претседателство на Џани Ањели, а подоцна и на неговиот брат Умберто, Јувентус се вратил на патеките на славата петнаесет години по првиот го доживеал вториот победнички циклус, благодарение на доаѓањето на Омар Сивори и Џон Чарлс, кои заедно со Џампјеро Бониперти го формирале таканареченото Магично Трио: освоени биле три првенства помеѓу 1958 и 1961 година, од кои првото било десетто што на клубот му го донело правото на прикачување на ѕвездата на своите дресови.. Сивори, исто така, во 1961 година станал првиот фудбалер од Серија А кој ја освоил Златната топка. Во текот на 1960-тите, поминати под претседателскиот мандат на Виторе Катела, клубот се соочил со длабока обнова: резултатот од сето тоа била речиси безбојна деценија, иако сепак скудетото било освоено еднаш во 1966-1967, триумф наречен Операта на Јуве под водството на Ериберто Ерера кој бил остварен против сите прогнози и очекувања.

Во 1971 година, Бониперти станал претседател на клубот и првата првенствена титула во ова ново руво пристигнала веднаш во неговата прва сезона, 1971-1972, повторена во следната 1972-1973: тие биле првите од третиот победнички циклус кој во следните петнаесет години, под тренерското водство прво на Честмир Вицпалек, потоа на Карло Парола и на крајот на Џовани Трапатони во Торино донел девет шампионски титули, два Купа на Италија и победи во меѓународните натпреварувања што го направило Јувентус првиот клуб кој ги освоил сите натпреварувања под покровителството на УЕФА, последователно, и прв во светот кој ги освоил сите официјални клупски натпреварувања.

Конкретно, во 1977 година дошла првата меѓународна титула во Купот на УЕФА, по крајот на жешкото финале против шпанскиот тим . Првата титула во Европскиот куп на шампиони, била постигната во Брисел на 29 мај 1985 година против приближно една година по победата без пораз во Купот на победниците на куповите, но успехот во најзначајното европско натпреварување, бил засенет од сериозни инциденти пред натпреварот генерирани од британските хулигани кои довеле до смрт на 39 гледачи. Скудетото освоено во 1986 ја затворило деценијата на Трапатони: за време на неговото раководење вкупно 9 членови на Јувентус играле во италијанската репрезентација на Мундијалот во Аргентина 1978 и 6 на следното издание во Шпанија 1982 на кое Италија станала шампион.

thumb|left|upright=0.8|Алесандро Дел Пјеро и Пауло Соуса го слават освојувањето на Лигата на шампионите во 1996. Откако завршиле кариерите на генерацијата фудбалери кои го сочинувале столбот на тимот, Јувентус се соочил со период од девет години без значајни резултати на национално ниво, иако во Торино пристигнале уште неколку трофеи: еден Куп на Италија (1990) и два Купа на УЕФА (1990 и 1993). Сепак, пристигнувањето на клупата на Марчело Липи во 1994 година било увертира за четвртиот победнички циклус на бјанконерите: во десет сезони - со исклучок на двегодишниот период во кој бил заменет на клупата од Карло Анчелоти, кој го освоил Интертото купот – тимот предводен од Липи освоил пет шампионски титули во Серија А и еден Куп на Италија, стигајќи до четири финалиња во Лигата на шампионите освојувајќи ја во 1996 во Рим. Покрај тоа, освоиле еден Интерконтинентален куп, еден Суперкуп на УЕФА и четири Суперкупа на Италија.

Успесите постигнати во првенството под раководството на Фабио Капело во средината на 2000-тите биле одземени со исходот на случајот Калчополи: во летото 2006 година, системот на спортска правда им ја одзел титулата на Бјанконерите постигната во 2005 година и ги спуштил од првото на последното место во поредокот на Серија А за 2006 година, што автоматски ги исфрлило во Серија Б за првпат во нивната историја.По пресудата на Сојузната апелациона комисија во врска со фактите вклучени во Калчополи, титулата италијански шампион 2004-2005 му била одземена на Јувентус и и не била доделена никому оставајќи го првенството без шампион за таа сезона; Што се однесува до титулата 2005-2006, клубот бил автоматски спуштен од 1-во на 20-то место во поредокот и автоматски испаднал во Серија Б за сезоната 2006-2007 со казнени поени, за „вид на асоцијативен прекршок“ – термин кој тогаш не бил предвиден од италијанскиот спортски правен систем, но бил оценет од страна на Сојузниот суд како повреда на членот 6 од Кодексот за спортска правда кој важел во тоа време во врска со случаите на „спортски прекршок“ –, во корелација со претходната година; конечната позиција во поредокот постигнат од тимот во шампионатот за сезоната 2004-2005, како и бодовите и резултатите добиени во натпреварите од споменатиот двегодишен период останале непроменети по конечните пресуди и на спортската и на обичната правда (2015), види. Под водството на клупската легенда од 1990-тите години, Дидје Дешан, Јувентус се вратил во највисоката дивизија една година подоцна со освојување на титулата во втората италијанска лига.

thumb|Бјанконерите во сезоната 2016-2017, го слават освојувањето на шесттото скудето од деветте по ред во 2010-тите години Помеѓу 2010 и 2023 година, претседателството на клубот го презел Андреа Ањели, четвртиот експонент на династијата од Торино. За време на неговиот мандат, под тренерското водство на Антонио Конте, потоа Масимилијано Алегри и на крајот Маурицио Сари, бјанконерите му дале живот на петтиот циклус на успеси, надминувајќи го периодот на „Златните пет години“ со освојување на девет последователни првенствени титули од 2012 до 2020 година, нешто „уникатно“ во италијанскиот фудбал; дополнително, во истата деценија во Торино пристигнале четири последователни двојни круни, благодарение на триумфите во Купот на Италија, што е уште еден национален рекорд, и исто толку Суперкупови на Италија. Исто така, клубот играл во две финалиња на Лигата на шампионите, но и двете ги загубиле.

Хронологија

Хронологија на Јувентус 1897 - 1 ноември, основање на Спорт-Клуб „Јувентус“ 1901 - Го менува името во ФК Јувентус. 1904-1905 -  Шампиони на Италија (1. титула). 1907-1908 - Победник на федералното првенство на Италија.Титулата била отфрлена „во ретроспектива“ од FIGC, бидејќи првенството било предмет на бојкот. 1908-1909 - Победник на федералното првенство на Италија. 1925-1926 -  Шампиони на Италија (2. титула). 1930-1931 -  Шампиони на Италија (3. титула). 1931-1932 - Шампиони на Италија (4. титула). 1932-1933 - Шампиони на Италија (5. титула). 1933-1934 - Шампиони на Италија (6. титула). 1934-1935 - Шампиони на Италија (7. титула). 1936 - Италијанизацијата на тогашниот фашистички режим условува од името на клубот да се исфрли Фудбал Клуб. 1937-1938 - Победник на Купот на Италија (1. титула). 1941-1942 - Победник на Купот на Италија (2. титула). 1944 - Името на клубот било променето во Јувентус Чиситалија поради спојување со истоимената фабрика. 1945 - Името на клубот било променето во ФК Јувентус поради ребрендирање. 1949-1950 - Шампиони на Италија (8. титула). 1951-1952 - Шампиони на Италија (9. титула). 1957-1958 - Шампиони на Италија (10. титула). 1958-1959 - Победник на Купот на Италија (3. титула). 1959-1960 - Шампиони на Италија (11. титула). Победник на Купот на Италија (4. титула).

1960-1961 - Шампиони на Италија (12. титула). 1962-1963 - Победник на Куп на Алпите (1. титула, 1. учество). 1964-1965 - Победник на Купот на Италија (5. титула). 1966-1967 - Шампиони на Италија (13. титула). 1971-1972 - Шампиони на Италија (14. титула). 1972-1973 - Шампиони на Италија (15. титула). 1974-1975 - Шампиони на Италија (16. титула).