мини|130п|Западна Померанија (кафено) во Германија 130п|мини|Грб на областа мини|130п|Знаме на областа

Западна Померанија или Предна Померанија () — западниот дел од историската област на војводството, подоцна Покраина Померанија, денес поделена помеѓу германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија и Полска. Името Померанија потекнува од словенското по море, што означувало земја на морето.Der Name Pommern (po more) ist slawischer Herkunft und bedeutet so viel wie „Land am Meer“. (Померански покраински музеј, германски)

Сместена на јужниот брег на Балтичкото Море, границите на Западна Померанија се менувале низ вековите и негови поседници биле Полска, Шведска, Данска и Прусија. Пред 1945 ја опфаќала целата област на Померанија западно од реката Одра. Во 1945, градовите на левиот брег Шчеќин (Штетин), Швиноујшќе (Свинеминде) и Полице (Пелиц) припаднале на Полска, додека остатокот на областа станал дел од Источна Германија. Германскиот дел на областа денес претставува околу една третина од денешната сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија.

Германската област има население од околу 470.000 жители во 2012 (окрузите Западна Померанија-Риген и Западна Померанија-Грајфсвалд заедно) — додека полските окрузи на областа имале население од околу 520.000 жители во 2012 (градовите Шчеќин, Швиноујшќе и Полице заедно). Вкупно, денес живеат околу еден милион луѓе во рамките на некогашната област, додека агломерацијата Шчеќин достигнува многу повеќе.

Областа е омилено туристичко одредиште во Германија и релативно слабо населена, па така поседува големи природни станишта. Во пејзажот преовладуваат заливите, рамните ридови, стрмните брегови (како на пример во Јазмунд или Аркона) и долги појаси на песочни плажи покрај морето.

Поголеми градови во Западна Померанија се Штралзунд и Грајфсвалд. Историски, исто така и градот Штетин, кој сега се нарекува Шчеќин е во рамките на Полска од 1945.

Помали градови во областа се Дамгартен, Берген (на островот Риген), Анклам, Волгаст, Демин, Пазевалк, Гримен, Засниц (на островот Риген), Икерминде, Торгелов и Барт.

Познати морски одморалишта во Западна Померанија се Албек (на островот Узедом), Аренсхоп, Банзин, Бинц (со Прора), Герен (на островот Риген) Херингсдорф (на островот Узедом), Козеров, Лубмин (близу Грајфсвалд), Преров, Зелин, Свинеминде (историски, денес во Полска), Трасенхајде, Икериц, Цемпин, Цингст и Циновиц.

Потекло на поимот

Името Померанија потекнува од словенското по море, што означува „земја на море“.Der Name Pommern (po more) ist slawischer Herkunft und bedeutet so viel wie „Land am Meer“. (Покраински померански музеј, германски)

Низ македонската книжевност оваа област најмногу се сретнува под името Западна Померанија и германското име означува „пред Померанија“, иако многу ретко се сретнува и како „Предна Померанија“, што би било побуквален превод на германскиот назив. Областа на локалниот дијалект гласи .

Полска има дел од историската и географската област Западна Померанија, а едно од нејзините војводства е наречено Западнопоморско или Западна Померанија, кое се протега на западниот дел од полскиот дел на Померанија.

мини|Западна Померанија е позната по нејзините песочни плажи долж Балтичкото Море, нејзините острови Риген, Узедом и Хидензе и многуте заливи и лагуни, дел од нив заштитени со национален парк. Сликата прикажува стрмен брег кај Дарс, близу Аренсхоп.

Географија

Главна особеност на Западна Померанија е нејзиниот долг брег, кој денеска претставува најголем дел од брегот на Мекленбург-Западна Померанија. Особено карактеристично е „двојниот брег“, при што островите ги одвојуваат заливите (т.н. bodden; залив со плитка вода) од отвореното море, создавајќи уникатен пејзаж. Двата најголеми германски острови, Риген и Узедом, припаѓаат на Западна Померанија.

Најголем град во Западна Померанија е Штралзунд, некогаш моќен ханзеатски град во текот на Ханзата. Денес е сè уште најважниот економски град во областа. Верски и судски центар, поради многуте покраинските судски институции и повеќевековниот Универзитет Ернст Мориц Арнт е ханзеатскиот град Грајфсвалд, околу 35 километри од Штралзунд.

Градовите Штралзунд и Грајфсвалд заедно, по Росток, се вторите најголеми центри по население во покраината. Дополнително, областа ја има втората најголема густина на населеност во четирите плански региони во покраината.

Западна Померанија има два национални паркови:

Национален парк Западнопомерански лагуни Национален парк Јазмунд

Друга област во Западна Померанија, која е под заштита, е долината на реката Пене.

Административна поделба

мини|Моменталната (сиво) и историската (со бои) административна поделба на Западна Померанија

Западната Померанија денес се протега на островите Риген и Узедом и блиското копно, приближно поклопувајќи се со административните окрузи Западна Померанија-Грајфсвалд и Западна Померанија-Риген, иако границите на овие окрузи со Мекленбург не се поклопуваат со демаркациската линија од пред 1945.

Областа е спомната во покраинскиот устав на Мекленбург-Западна Померанија како еден од двата уставотворни региони на покраината со право да создаде обласна служба (Landschaftsverband), која е административна поделба подредена единствено на покраината. Во текот на неуспешната реформа на окрузите во 1994 се размислувало да се вратат старите граници, но ова не било остварено. Рибниц од Северна Западна Померанија и Малхин од Демин порано биле дел од Мекленбург. Старата западна гранична линија е зачувана во поделбата помеѓу двете протестантски црковни тела на Евангелистичко-лутеранската црква на Мекленбург (Evangelisch-Lutherische Landeskirche Mecklenburgs) и Померанската евангелистичка црква (Pommersche Evangelische Kirche).

Поголеми градови во Западна Померанија се Штралзунд, Грајфсвалд, Берген на Риген, Демин, Анклам, Волгаст, Засниц, Херингсдорф и Барт. Со полското влегување во Европската Унија и отворањето на границите, Шчеќин го повратил неговото место како доминантен град за јужните делови на областа.

Економија

Популарни туристички одморалишта можат да се најдат долж балтичките плажи на полуостровот Фишланд-Дарс-Цингст и островите Хидензе, Риген и Узедом. Старите ханзеатски градови се исто така омилени туристички одредишта поради нивната средновековна архитектура во готски стил со тули, центарот на Штралзунд е светско културно наследство на УНЕСКО. Штралзунд, Грајфсвалд и Волгаст исто така имаат бродоградбена индустрија. Во Мукран близу Засниц на Риген, се наоѓа меѓународен фериботски терминал кој ја поврзува Западна Померанија со Шведска, Данска, Литванија и други прекуморски земји. Во индустрискиот комплекс североисточно од Лубмин близу Грајфсвалд се наоѓа затворената атомска централа, која се очекува да биде срушена, а гасоводот Северен поток излегува на ова место. Во Грајфсвалд, Грајфсвалдскиот универзитет води неколку институции и големи болници во областа. Исто така, Грајфсвалд е место на научно истражување, како истражувачкиот центар Венделштајн и биотехнолошки претпријатија, повеќе нив најпознат е сојузниот Институт Фридрих Лефлер.

Историја Пред 1121

мини|Словенското култно место Јаромарсбург на ’ртот Аркона, на островот Риген.

Во праисториски времиња, областа била населена од мегалитски култури. Во првата половина на првиот милениум, источногерманските РугиH.J. Janzen, Историја на Померанија (на германски) се забележани во областа, кои се познати по тоа што подоцна основале кралство далеку на југ во Панонија во век.

До и век, Западните Словени ја населиле областа. Ако тие сретнале позначително население на Ругите и дали и/или како биле асимилирани од Словените не е познато. Словенските жители, исто така нарекувани и како дел од Вилцен/Велети, се поделиле на неколку мали племиња, подредени од северозапад кон југоисток: Рујани околу Риген, Цирципанес околу реката Пене, Љутичи околу храмот на Ретра, Волинци на островот Волин, Толензи околу реката Толензе и Украини околу реката Икер во Укермарк. Тие се обединиле кон крајот на век за да го обезбедат нивниот суверенитет. Нивното седиште било кај Ретра, каде делегати од независните обединети племиња ги одржувале нивните состаноци. Дали Рујаните биле дел од Велетите или подоцна Љутичи не е целосно утврдено. Словенските племиња нарекувани како Поморци се населиле источно од реката Одра.

Во ова време, големи мешани словенско-скандинавски населби биле изградени кај природните пристаништа на брегот, од кои најважни биле Ралсвик (Риген), Алтес Лагер Менцлин на реката Пене и Волин, за која се претставува дека се работи за Винета и Јомсборг. Важни пагански храмови биле Аркона и Ретра. Други локални упоришта биле Димин (Dimin; Демин) и Штетин (Stetin, Шчеќин).

На почетокот на вториот милениум, западнопомеранските племиња биле опкружени од растечките сили: Данска на север, Пјаст Полска на југоисток и германското Свето Римско Царство на југозапад. Додека источната офанзива на царските сили можела да биде задржана некое време од словенските востанија на јужните (Хавелјани) и западните (Ободрити) соседи на западните померански племиња, тие источно од реката Одра биле освоени од Полјаците кон крајот век и останале вазали на Пјастови до 1007, морале да плаќаат данок до 1042 и биле повторно освоени во 1121.

Померанското Кнежевство и Кнежевство Риген

мини|Грб на Војводството Померанија, во текот на владеењето на Богислав X

Померанскиот војвода Вартислав I успешно започнал да ја освојува областа западно од неговиот бург во Штетин во годините по 1121. Овие земји биле значајно ослабени од претходните борби: брегот бил напаѓан од Данците, кои го уништиле Јомсборг во 1043, префрлајќи ја моќта кон југ, кон делтата на Одра, односно до померанскиот Штетин. Ретра била нападната и уништена од Германите во зимата 1068/69, сојузот на племињата се распаднал и наместо тоа тие започнале да се борат едно против друго.

Целта на Вартислав не била само проширување на неговото војводство, туку и ширење на христијанската вера. Во 1124 го поканил Ото Бамбершки на мисија во неговото војводство источно од реката Одра. До 1128 Вартислав I го проширил неговото војводство на запад до Грофовијата Гицков и Цирципанија и на југ до Укермарк. Го поканил Ото Бамбершки повторно на мисија во овие пагански области западно од реката Одра. Поранешните племенски кнежевства биле претворени во кастелани подредени на померанскиот војводат, кој ги назначувал кастеланите. Овие кастелани биле христијанизирани во Узедом во 1128. Освен Рујаните кои живееле на север од реката Рик и Демин, сите западнопомерански територии се обединиле и биле христијански. Зависноста на Вартислав од Полска ослабнала во наредните години и во 1135 со смртта на полскиот крал Болеслав III, војводството на Вартислав повторно стекнало независност. Околу десет години подоцна бил убиен од пагани близу Штолпе. Манастирот Штолпе бил изграден на тоа место од страна на наследникот на Вартислав, Ратибор I.

Вендските крстоносни војни во 1147 () започнати од Светото Римско Царство завршиле кога граѓаните на Демин и Штетин ги убедиле крстоносците дека тие веќе биле христијани.

До средината на век, Кнежевството Риген во северозападна Померанија останало последната паганска држава во Средна Европа. Во 1168, данска флота предводена од архиепископот на Роскилде Абсалон го опколиле Риген. Храмот Аркона бил заземен и уништен. По ова уништување на главниот храм, глацниот град на Риген Кореница (Venzer Burgwall) се предал и сите други храмови биле оставени на Данците да ги уништат, а Јаромар I станал дански вазал. Потоа, Рујаните станале христијани.