Мелодичен дет-метал (познат и како мелодет) — екстремен поджанр на хеви-метал музиката кој е комбиниран од елементи од новиот бран на британски хеви метал со елементи на дет-метал. Видот се развил во Шведска во раните и средината на 90-тите години (предводен од бендовите At the Gates, Dissection, Dark Tranquillity и In Flames).
Музички одлики Мелодичниот дет-метал користи компоненти од новиот бран на британски хеви метал, поточно брзите рифови и хармоничните солажи, но исто така и ја спојува агресивноста на дет-металот со мелодии и хармонии. Кај овој жанр некои елемети се искористени од други жанрови како што се блек-метал и треш метал.Purcell, N. Death Metal music: the passion and politics of a subculture, at 9, McFarland, 2003 (retrieved 3 јуни 2011) Во овој жанр може понекогаш да се најде и чисто пеење, како и акустични гитари. Вокалниот стил на жанрот е комбинација од врискања, чисти вокали, и дет-метал ‘ржења.
Потекло Потеклото и популарноста на мелодичниот дет-метал може да се поврзе со бендовите At the Gates, In Flames, и Dark Tranquillity со нивните рани музички изданија во раните 90-ти кои го дефинираат жанрот и го вметнуваат основањето за метал сцената во Гетеборг.
Уште еден клучен бенд во развојот на мелодичниот дет-метал бил британскиот бенд Carcass, кој започнаl свирејќи грајндкор, но потоа преминал во стилот на дет-метал музиката и помогнал да се развие жанрот на мелодичен дет-метал со нивниот албум Heartwork, издаден во 1993.
Наводи
Категорија:Поджанрови на метал Категорија:Мелодичен дет метал Категорија:Дет метал