Оливија Њутн-Џон ( - ) — австралиска пејачка, авторка на песни, и глумица родена во Британија. Таа била четири пати добитник на Греми којашто постигна дури пет Број 1 и десет други Топ 10 синглови на Билборд Хот 100 листата и два Број 1 Билборд 200 соло албуми. Единаесет од нејзините синглови (вклучувајќи и два платинести) и 14 од нејзините албуми (вклучувајќи два платинести и четири двојно платинести) се сертифицирани златни од страна на РИАА. Нејзината музика е успешна во повеќе жанрови вклучувајќи поп, кантри, и возрасно современа музика и има продадено 100 милиони плочи низ целиот свет. Таа глуми заедно со Џон Траволта во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј Брилијантин, кој го оформи еден од најуспешните музички теми во Холивудската историја.
Њутн-Џон долго време била активист за животната средина и правата на животните. Откако преживеа рак на дојка во 1992, таа била поборник за здравствената свест вклучувајќи се во добротворнии организации, здравствени производи и напори за собирање на финансиски средства. Нејзините бизнис интереси вклучуваат лансирање на неколку производни линии за Коала Блу и e ко-сопственик на Гаја Ритрит & Спа во Австралија.
Њутн-Џон се омажила двапати. Таа е мајка на една ќерка, Клое Роуз Латанзи, со нејзиниот прв сопруг, глумецот Мет Латанзи, a втор сопруг ѝ бил Џон Истерлинг.
Живот и кариера
Ран живот и почетоци Оливија Њутн-Џон е родена во Кембриџ, Англија, ќерка на Велшки татко, Бринли ("Брин") Њутн Џон, и во Берлин родена мајка, Ирина Елена (моминско презиме Борн), најстарото дете на добитникот Нобеловата награда за атомски физичар Макс Борн. Семејството на мајка и заминало од Германија пред Втората светска војна за да го избегне нацистичкиот режим(Макс Борн, дедото по мајка на Њутн Џон бил Евреин, а нејзината баба била од еврејско потекло по таткова страна). Таа е далечна роднина на комичарот Бен Елтон. Нејзиниот прадедо од страна на мајка и бил правникt Виктор Ехренберг а таткото на нејзината прабаба од страна на мајка и бил Германски правник Рудолф вон Јеринг. Њутн-Џон е најмладата од три деца, по братот Хју, лекар, и сестрата Рона, глумица која беше во брак со колегата одБрилијантин Џеф Конавеј од 1980 до нивниот развод во 1985. Таткото на Њутн-Џон беше МИ5 офицер на Енигма проект во Блетши Парк кој го зеде Рудолф Хес во притвор за време на Втората светска војна. Во 1954, кога имала шест години, Семејството на Њутн-Џон емигрирале во Мелбурн, Викториа, Австралија, каде нејзиниот татко работел како професор по германски и како Магистер на Ормонд Колеџ на Универзитетот во Мелбурн.
На четиринаесет години Њутн-Џон формирала краткотрајна група само со девојки, Сол Фор, со три соученички кои често настапувале во кафулето на нејзиниот зет. Таа станала редовна на локалното Австралиско радио и телевизиски шоуа вклучувајќи го Д Хепи Шоу на ХСЦ-7 каде настапувала како "Lovely Livvy". Таа исто така се појавила и на Гоу Шоу каде ја сретнала идната партнерка во дует, Пет Керол, и идниот музички продуцент Џон Фарар (Керол и Фарар ќе стапат во брак подоцна). Таа учествувала и победила на натпревар за таленти на телевизиското шоу Синг, Синг,Синг чиј водител бил Австралиската икона Џони О’Киф, изведувајќи ги песните "Некој кој имал срце" и "Се што доаѓа е рози". Њутн-Џон првично не била подготвена да ја искористи наградата што ја добила, патување до Британија, но отпатувала таму дури една година подоцна откако нејзината мајка ја охрабрила да си ги прошири нејзините хоризонти.
Њутн-Џон го снимила нејзиниот прв сингл, "Додека не бидеш мој" т.е. "Засекогаш", во Британија за Дека Рекордс во 1966. Њутн-Џон ја фатила носталгија во Британија за нејзиното тогашно момче, Јан Турпи, со кој глумела во Австралиската серија, Смешни нешта се случуваат таму долу. Њутн-Џон постојано резервирала патувања назад во Австралија кои нејзината мајка ги откажувала подоцна. Перспективата на Њутн-Џон се променила кога Пет Керол се преселила во Белика Британија. Двете формирале дуо кое се викало "Пет и Оливиа" и правеле турнеи низ ноќните клубови во Европа. (Во еден инцидент, биле резервирани на ревија на Пол Рејмонд во Сохо, Лондон. Облечени примарно во Фустани со набори, биле несвесни дека ова е стриптиз бар сè додека не почнале да настапуваат на сцената.) Откако поминала визата на Керол принудувајќи ја да се врати во Австралија, Њутн-Џон останала во Британија да продолжи соло работа до 1975. Се свршила со гитаристот на Д Шедоус' Брус Велч, но никогач не биле во брак.john's bio at IMDb
Њутн-Џон била повикана во групата Тумороу формирана од американскиот продуцент Дон Киршнер, кој исто бил музички консултант за раните снимки на Д Монкиис. во 1970, групата играла во "научно фантастичен мјузикл" филм и снимиле албум од придружни музички теми и двата именувани според групатз. Проектот пропаднал и групата се распаднала.
Ран успех Њутн-Џон го издала својот прв соло албум, Ако не беше ти (Бр. 158 Поп), во 1971. наслов на песна, напишана од Боб Дилан и претходно снимена од членот на Битлси Џорџ Харисон за неговиот албум во 1970 Се мора да помине, бил нејзиниот прв интернационален хит (Бр. 25 Поп, Бр. 1 Возрасно Современа ("АЦ")). Нејзиниот следен сингл, "Бреговите на охајо", бил топ 10 хит во Велика Британија и Австралија. Била изгласана за најдобар Британски Женски Вокал две години по ред од списанието Рекорд Мирор. Имала чести појавувања на неделното шоу на Клиф Ричард, Ова е Клиф Ричард, и глумела со него во серијата, Случајот.
Во 1974, Њутн-Џон го претставувала Обединетото Кралство на Изборот за Песна на Евровизија со песната "Да Живее Љубовта". Песната била избрана за Њутн-Џон од Британската публика од шест можни опции. (Њутн-Џон подоцна признала дека не и се допаѓала песнатаg.)O'Connor, John Kennedy. The Eurovision Song Contest – The Official History. Carlton Books, UK. 2007. ISBN 978-1-84442-994-3 Њутн-Џон го освоила четвртото место на натпреварот во Брајтон по победничката песна на АББА "Вотерлу". Сите шест песни кандидати за Евровизија биле снимени од Њутн-Џон и додадени на нејзиниот албум Да Живее Љубовта , нејзин прв за Еми Рекордс ознака.
Во Обединетите држави, кариерата на Њутн-Џон по Ако не беше ти успеала. Последователните синглови вклучувајќи ги "бреговите на Охајо" (Бр. 94 Поп, Бр. 34 АЦ) и преработките на "Што е животот" на Џорџ Харисон(Бр. 34 АЦ) и "Одведете ме дома, Кантри Патишта" на Џон Денвер (Бр. 119 Поп) направиле минимален удар на листите сè до пуштањето на "Дозволи ми да бидам таму" во 1973. Песната достигна до Американскиот Топ 10 на Поп (Бр. 6), Кантри (Бр. 7), и АЦ (Бр. 3) листите кои и донеле Греми за најдобар женски кантри вокал и Академска Награда за кантри-музика за женски вокал кој најмногу ветува. Албумот, Дозволи ми да бидам таму, Бр. 1 на листата за Кантри Албуми цели две недели и како Бр. 54 на Билборд 200 листата.
Албумот Да Живеe Љубовта бил издаден во Обединетите држави како Ако Ме Сакаш, Кажи Ми со изоставување на шестте Евровизиски песни за четири нови, повеќе кантри-ориентирани песни со цел да профитира на успехот на "Дозволи Ми Да Бидам Таму". Насловната песна била првиот сингл кој достигнал до Бр. 5 Поп, Бр. 2 Кантри (нејзиниот најдобар кантри пласман дотогаш) и Бр. 2 на АЦ листите. Следниот сингл, "Искрено те сакам", стана најпозната песна на Њутн-Џон. Напишана и компонирана од Џеф Бери и Питер Ален, баладата стана нејзиниот прв Бр. 1 Поп (две недели), втор Бр. 1 АЦ (три недели) и трет Топ 10 Кантри (Бр. 6) хит и и донесе на Њутн-Џон уште две Греми за Запис на годината и Најдобар Женски Вокал Поп Изведувач. Успехот на двата синглови му помогнале на албумот да достигне Бр. 1 и на Поп (една недела) и Кантри (осум недели) листите за Албуми.
Успехот во Кантри на Њутн-Џон предизвикало дебата помеѓу пуристите кои верувале дека странец кој пее поп-музика со кантри примеси не припаѓа во кантри-музиката. Во прилог на нејзината Греми награда за "Дозволи Ми Да Бидам Таму", Њутн-Џон била именувана за Женски Вокал на годината во 1974 од кантри Музичката Асоцијација, победувајќи ги повеќе основани Нешвил-ориентираните номинирани Лорета Лин, Доли Партон и Тања Такер, како и канадскиот артист Ен Мареј. Овој бес доведе до формирање на краткотрајното Здружение на кантри Забавувачи (АЦЕ). Њутн-Џон на крај била поддржана од кантри-музичката заедница. Стела Партон, сестрата на Доли, снимила "Ода за Оливија" и Њутн-Џон го снимилиа нејзиниот албум во 1976, Не Престанувај Да Веруваш', во Нешвил.
Охрабрена од иселената Австралиска пејачка Хелен Реди, Њутн-Џон го напуштила Обединетото кралство и се преселила во Обединетите Држави. Њутн-Џон била на врвот на Поп (една недела) и Кантри (шест недели) листите за Албуми со нејзиниот следен албум, Дале некогаш си бил весел. Албумот создаде два сингла – Џон Фарар-овата насловна тема (Бр. 1 Поп, Бр. 3 Кантри, Бр. 1 АЦ) и "Те молам Господине Те Молам" (Бр. 3 Поп, Бр. 5 Кантри, Бр. 1 АЦ). Поп кариерата на Њутн-Џон се оладува со издавањето на нејзиниот следен албум, Очигледно Љубов. Нејзината низа од пет последователни златни Топ 10 синглови на Билборд Хот 100 листата заврши кога првиот сингл од албумот, "Нешто подобро да се прави", застана на Бр. 13 (исто Бр. 19 Кантри и Бр. 1 АЦ). Иако нејзините албуми сè уште достигнувале златен статус, таа не се вратила во Топ 10 на Хот 100 и Билборд 200 листите сè до 1978.
Сингловите на Њутн-Џон продолжиле без никаков проблем да бидат први на АЦ листата, каде што на крај постигна десет Бр. 1 синглови вклучувајќи рекорд од седум последователни:
"Искрено те сакам" (1974) – 3 недели "Дали некогаш си бил весел" (1975) – 1-недела "Те молам Господине Те молам" (1975) – 3 недели "Нешто подобро да се прави" (1975) – 3 недели "Остави нека сјае"/"Тој не е напорен, тој ми е брат" (1976) – 2 недели "Дојди овде" (1976) – 1-недела "Не престанувај да веруваш" (1976) – 1-недела
Таа исто така обезбеди истакнат, но не награден, вокал за синглот на Џон Денвер "Одлетај" кој бил наследен од нејзиниот сингл, "Остави нека сјае"/"Тој не е напорен, тој ми е брат" на Бр. 1 на АЦ листата. ("Одлетај" се вратила на Бр. 1 после двенеделно владеење на "Остави нека сјае".) Њутн-Џон исто така продолжила да достигнува Топ 10 Кантри листата каде што евидентираше седум Топ 10 синглови во 1976-тата "Дојди овде" (Бр. 23 Поп, бр. 5 Кантри, Бр. 1 АЦ) и шест последователни (од вкупно девет во кариерата) Топ 10 албуми во 1976-тата Не престанувај да веруваш (Бр. 30 Поп, Бр. 7 Кантри). Нејзиниот прв телевизиски шоу беше наречен, Специјал Со Оливија Њутн-Џон, во ноември 1976.
До средните 1977-ти, успехот на Њутн-Џон во АЦ и Кантри-музиката исто така почнувал да избледува. Нејзиниот Правејќи Добро Нешто Подобро албум (Бр. 34 Поп, Бр. 13 Кантри) не успеал да биде сертифициран за златен, и неговиот единствен сингл, насловната тема (Бр. 87 Поп, Бр. 20 АЦ), не успеа ниту да достигне до АЦ Топ 10 или Кантри листите. Подоцна истата година, Најголемите Хитови на Њутн-Џон (Бр. 13 Поп, Бр. 7 Кантри) станал нејзиниот прв платинест албум како што се подготвувала да започне со нова фаза од нејзината кариера.
Брилијантин
Кариерата на Њутн-Џон се издигнала по глумењето во филмската адаптација на Бродвејскиот мјузикл Брилијантин во 1978. И била понудена главната улога Сенди по средбата со продуцентот Алан Кар На вечерна забава во домот на Хелен Ред. Исплашена од искуството со утре и загрижена дека е престара да игра средношколка (таа наполни ла 29 за време на снимањето во 1977), Њутн-Џон инсистирала на екранско тестирање со филмскиот партнер, Џон Траволта. Филмот се прилагодил на австралискиот акцентна Њутн-Џон со замена на оригиналната Американка Сенди Дубровски со Санди Олсон, Австралијанка на одмор која подоцна се преселува со нејзиното семејство во обединетите Држави. Њутн-Џон претставува дел од музичката тема за филмот за време на нејзиниот втор телевизиски специјал за Американската мрежа, Оливија, заедно со гостите АББА и Енди Гиб.