Македонија во слики — документарен филм за Македонија снимен во 1923 година во режија и сценарио на Арсениј Јовков и Георги Занков. Филмот бил снимен со средства кои ги обезбедила Илинденската организација, а по повод 20 годишнината од Илинденското востание. Филмот бил снимен во два дела од кои денес е зачуван само првиот. Во 2013 г. филмот е дигитализиран.
Содржина мини|лево|Целиот филм Во филмот се прикажани повеќе дејци од Илинденскиот период, градови во Македонија, како и битови снимки од дебарскиот крај. Исто така во филмот е прикажана и процесијата на пренесување на саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од куќата на Михаил Чаков кон црквата Света Недела во Софија, на 2 август 1923 година. Неколкупати во крупен план е даден и саркофагот со моштите на Гоце Делчев, на кого е запишано: „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во столицата на независна Македонија. Август 1923, Илинден“.
Наводи
Надворешни врски
Македонија во слики - дигитализирана верзија на видеото
Категорија:Македонски документарни филмови Категорија:Филмови од 1923 година