Спомен-соба на Мустафа Кемал Ататурк — просторија во склоп на Битолскиот музеј посветена на Мустафа Кемал Ататурк кој во 1899 година тука завршил средно воено училиште (Мектеби аскери идади).

Историја Првите музејски презентирања во Битолскиот музеј на познатиот државник, таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, датираат од 1978 година, кога е отворена првата изложба на фотографии, документи и факсмили, кои го прикажуваа животот и дејноста на големиот реформатор на Турција, кој во 1899 година завршил средно воено училиште (Мектеби аскери идади) сместено во денешната зграда на Битолскиот музеј, Старата битолска касарна. Во 1994 година, на простор од 40 м<su>2</sup>, со постоечките материјали обогатени со одредени предмети копии сместени во две прикладни витрини и спомен-биста за Кемал Ататурк, за првпат е поставена музејската поставка. Оваа поставка свечено е отворена на 3 октомври 1998 година.

Посети На самото отворање музејот беше посетен од Киро Глигоров и Сулејман Демирел тогашни претседатели на Македонија и Турција. Во 2012 шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу ја посетил поставката.

Наводи

Категорија:Битолски музеј