Оча — археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува некропола од раниот среден век. Се наоѓа во доножјето на тврдината Градец, недалеку од вливот на реката Оча во езерото Козјак на Треска. Потекнува некаде од VI век. Според истражувањата во 1998 година било константирано дека при обработката на нивите во целост е уништена оваа некропола со исклучок на една гробна конструкција во облик на циста.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Голема Пеш — населба од палеолитско време; Бошевци — црква и некропола од средниот век; Градиште — населба од доцноантичко време; Подградец — населба од доцноантичко време; Св. Недела — црква и некропола од средниот век; Црквиште — црква од средниот век; Цуцул — населба од римско време и среден век; Куклојца — населба од доцноантичко време и среден век; Потпетрушка — светилиште од ран среден век; Засечишта — населба од средниот век; Старо Село — населба и некропола од средниот век; Здуње; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
Категорија:Здуње (Порече)