Мала Река — река во Поречието во западна Македонија, лева и најголема притока на Треска, која а прима спротиводно на 57,9 км од својот влив.

Извира на северните падини на Добра Вода над с. Волче, на надморска височина од 1.210 м (каде е наречена Волчица), а се влева на 465 м во близина на селото Калуѓерец. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 28,5 км, минималната должина 20,1 км, а коефициентот на развиеност е 1,42. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 745 м, а просечниот е мал, и изнесува 26,1‰.

Вкупната должина на водоразделната линија на Мала Река изнесува 71 км а сливот и зафаќа или 9,1 % од вкупната површина на сливот на реката.

Течение Извирајќи од Добра Вода под името Волчица, реката тече во источен правец, минувајќи северно од селото Волче и од лево го прима потокот Долни Лубоен, а потоа и Загреоски Дол од десно, па минува на извесно растојание под селото Заград и од лево ја прима Гребовска Река пред да стаса до с. Растеш, каде течението свртува кон север. Веднаш по Растеш, од левата страна ја прима Битовска Река, и тука почнува да се нарекува Мала Река. Од левата страна ѝ се придружува потокот Думин Дол, а малку понатаму, кај с. Косово — Ботушка Река и Негов Дол од десно. Мала Река продолжува на север и недалеку од с. Звечан, од десна страна, го прима Липов Дол, а понатаму од лево и Јамечки Дол.

Навлегувајќи во Самоков од десно заеднички се влеват Бенческа и Ковачка Река, а кај возвишението Кале и месноста Долно Лупште, од истата страна ѝ се приклучува потокот Градски Дол. По Долно Зркле, реката зема источен правец и навлегува во пошироката долина Јанево, каде реката минува низ с. Ковче, одминувајќи ја фабриката „Сувенир“ и примајќи го од десно прво потокот Млачје, а потоа и Иначка Река.

Во понатамошниот дел, Мала Река има неколку остри свијоци, и под падинскиот предел Осојница (под с. Могилец) од десно ги прима потоците Пеколник и Смеда. Тука течението добива североисточен правец и поминува крај Могилечкиот манастир, по што од лева страна го прима потокот Трбулјак; тука Мала Река скршнува на запад и, под селото Калуѓерица во месноста Ајроица се влева во Треска како нејзина лева притока.

Археолошки наоѓалишта по течението Долно Падиште — некропола од доцноантичко време кај с. Косово Ограда — населба од доцноантичко време кај с. Зркле Грамадиште — населба и некропола од римско време кај с. Ковче

Особености на долината Долината во горниот дел е всечена во кристалести шкрилци каде на 3-4 км од вливот прави лак и се пробива низ доломитска зона. Последниот дел на долината е епигенетски и претставува наследена заливска долина, со што може да се објасни и нејзиниот спротивен правец на течење во однос на реката Треска.

Галерија

Поврзано Вршјак Добра Вода Могилечки манастир

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Притоки на Треска Категорија:Порече Категорија:Општина Македонски Брод