Во Селото — археолошко наоѓалиште во поречкото село Модриште. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во самото село, односно при изградбата на селските куќи се откриени темели од стари објекти и повеќе питоси. Некрополата е пронајдена на источната периферија на селото, каде што се откриени неколку гробови градени од големи камени плочи. Исто така, во селото се пронајдени и повеќе монети кои се чуваат кај жителите.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кале — градиште од доцноантичко време; Падиште — населба од доцноантичко време; Св. Богородица — црква од средниот век; Модриште; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
Категорија:Модриште