Кале — археолошко наоѓалиште во поречкото село Самоков. Претставува градиште од доцноантичко време. Се наоѓа на 1 км јужно од селото, каде се издига висок рид со доминантна местоположба. На врвот со зарамнет простор, кој зафаќа површина од 100 × 80 м, се гледаат темели од одбранбен бедем граден од кршен камен и варов малтер.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Во Селото — населба и некропола од доцноантичко време; Самоков; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
Категорија:Самоков