Алексеј Цатевич (; - ) — руски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за професионалната континентална екипа .

Кариера

Цатевич се натпреварувал како професионалец од почетокот на сезоната 2012, кога му се приклучил на , претходно настапувајќи за развојната екипа на Катјуша, , во 2011. По неколку пласмани во првите десет во текот на сезоната 2012, Цатевич ја постигнал својата прва победа во неговата професионална кариера во февруари 2013, кога ја освоил трката Ле Самин во Белгија. Цатевич нападнал на околу 500 метри пред целта и успеал да ја победи групата на целта во Дур.

Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016. На деветтата етапа, поединечниот хронометар, Цатевич бил казнет заради пресекување зад Тобијас Лудвигсон. Покрај тоа, Катјуша го повлекла од трката.

Починал на 8 април 2024 г. во родното место.

Достигнувања

2007 1. Трофео Сан Роко 1. Етапа 1 Трофе Сентр Морбијан 2008 1. Џорни Маркиџани 2009 4. Трофео Чита ди Сан Вендемијано 9. Гран Премио дела Либерационе 10. ГП Инда 2010 1. Краен пласман Гагра-Сухуми 1. Етапа 1 2. Копа дел Мобилио 10. Гран Премио дела Либерационе 2011 1. 20п Национално критериум првенство 1. ГП де ла Вил де Ножен сир Езе 1. Етапа 2 Тур Јероскипис 1. Етапа 2 ГП Коста Азул 1. Етапа 4 Тур Алзас 1. Етапа 6 Трка околу Бугарија 2. Ла Кот Пикард 2. ГП Москва 2. ГП Будимпешта 7. ЗЛМ Тур 7. ГП Крањ 10. Мајор Куп 2012 8. Трофео Палма де Мајорка 8. Ле Самин 8. Хел ван хет Мергеланд 10. Трофео Мигјорн 2013 1. Ле Самин 1. Етапа 3 Сетимана Сиклистика Ломбарда 9. Трка околу Франкфурт 10. Краен пласман Трка околу Белгија 2014 2. Ле Самин 7. Гент-Вевелгем 10. Брабант Пејл 2015 10. Дварс дор Вландерен 10. Краен пласман Сиркут де ла Сарт 2016 1. Етапа 7 Волта а Каталуња 2. Класика де Алмерија 7. Друмска трка „Кедел Еванс“

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Руски велосипедисти