Трасенхајде () — општина и приморско одморалиште во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Узедом во Балтичкото Море.
Историја
Прво документирано спомнување на Трасенхајде било во 1786, најпрвин како овчји трла; тие биле направено со цел да се заштитат грлата овди од ненадејните поплави на морето. До 1840 имал 138 жители. Во 1908, колонијата била именувана „Трасенхајде“. Тогаш започнал да се развива туризмот. Во 1928, Трасенхајде станал посебна општина. Во август 1943 бил тешко бомбардиран поради блискиот истражувачки центар на Луфтвафе во Пенеминде.
мини|лево|„Превртена куќа“ во Трасенхајде
Превртена куќа
На 4 септември 2008 била изградена превртена куќа како туристичка знаменитост. Архитектите, полските партнери Клаудиуш Голос и Себастијат Микичук ја проектирале куќата како дел од проектот „Превртен свет“, кој им дозволува на посетителите да имаат различен поглед на секојдневните нешта. Бидејќи целата внатрешност е превртена и може да се појави деориентација кај некои, куќата е користена исклучиво како изложба.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Западна Померанија-Грајфсвалд