Јазичниот опис, описната лингвистика или дескриптивна лингвистика, е гранка на лингвистиката, која се занимава со објективно анализирање и опишување на тоа како јазикот е (бил) зборуван од група на луѓето во говорната заедница. Сето научно истражување во лингвистиката е описна. Како и другите науки, целта на лингвистика е да го набљудува свет како што е, без предрасуди и пресудувања за тоа како би требало да биде. Современата описна лингвистика е заснована на структуралниот пристап кон јазикот, како што е кај Леонард Блумфилд и останатите. Описната лингвистика често е споредена со кодификацијата. Овие две се комплементарни, но имаат различни приоритети и понекогаш се во конфликт. Поимот „дескриптивизам“ се користи да се означи верувањето дека описот е позначаен од учењето.
Точен опис на реалниот говор е тежок проблем, и јазичарите често се ограничени на приближности. Скоро секоја лингвистична теорија има свое потекло во практичните проблеми на описната лингвистика.
Описната лингвистика се смета за описно адекватна ако ги достигне, делумно или целосно, следниве цели:
опис на фонологијата на јазикот, опис на морфологијата на јазикот, опис на синтаксата на јазикот, опис на лексичното зборообразување, документација на зборовниот фонд, најмалку барем 1000 зборови, репродукција на неколку текстови.
Наводи
Литература Antoinette Renouf, Andrew Kehoe, The Changing Face of Corpus Linguistics – 2006 – 408 pages, p. 377 Patrick R. Bennett, Comparative Semitic Linguistics: A Manual – 1998 – 269 pages, p. 3 William A. Haviland, PRINS, WALRATH, Harald E. L. Prins, Dana Walrath, Bunny McBride, Cultural Anthropology: The Human Challenge – HAVILAND – 2004 – 496 pages, p. 93
Категорија:Лингвистика Категорија:Анализа