Октавио Паз (31 март 1914, Мексико - 1998, Мексико) — мексикански поет, есеист, публицист, теоретичар на поезијата, антологичар, преведувач, основач и уредник на книжевни списанија и дипломат. Добитник е на Нобелова награда за литература во 1990 година. Се смета за најзначаен мексикански поет и, заедно со Сесар Ваљехо, Пабло Неруда и Хорхе Луис Борхес, водечки поет на хиспаноамериканската поезија.Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010.

Животопис Роден во Мексико, во 1914 година. Студирал хиспаноамериканска поезија во САД. На почетокот на Шпанската граѓанска војна учествувал на Меѓународниот конгрес на интелектуалците против војната и за одбрана на републиката. Престојувајќи повеќепати во САД, Франција и во други земји, а направил и долгогодишна кариера на дипломат. Последните децении од животот се повлекол во својата земја, каде активно учествувал во литературниот, културниот и општествениот живот. Умрел во Мексико, во 1998 година.

Работни обврски Поет и мислител, но бил и љубопитник и патувач, професор и дипломат во Франција, Швајцарија, Индија, Јапонија и други земји. Својот повеќегодишен престој како амбасадор на Мексико и Индија (1962-1968) тој го крунисал со запознавање на културата, религијата и филозофијата на земјата и поопфатно на Истокот, што го инспирилало со длабоко поетско доживување и мислење за вечните теми на постоењето.

Инспирација Неговата поезија била инспирирана од најсвежите извори на шпанската поетска традиција. Таа го изодела патот од барокот до романтизмот, а потоа за да се напојува со поезијата на францускиот симболизам и надреализам и на шпанската модерна, на егзистенционализмот и на поезијата на Елиот, Езра Паунд и Борхес, до современите текови на лириката од втората половина на XX век, на поезијата чиј значаен творец бил и самиот тој.

Поезија Најзначајни дела на Паз се: Шумска месечина (1933) Но парсан (1937) Под твојата светла сенка и други песни за Шпанија (1937) Човечкиот корен (1937) На брегот на светот (1942) Слобода под заклетва(1949) Орел и сонце( 1951) Семиња за една химна (1954) Сончев камен (1957) Дивото време(1958) Дождалец (1962) Сеопшт ветер (1965) Бело (1967) Источна страна (1968) Јаснини на минатото (1975) Враќање (1976) Дрво однатре (1987)

исто така, Октавио Паз објавил и триесетина книги со есеи и студии.

Влијание Во 1975 година, познатиот српски поет Васко Попа ја напишал песната „Додворување на карпите“ (српски: Удварање стенама), посветена на Паз.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 193. Песната „Ноќеска во твојата постела“ на македонскиот поет Анте Поповски е инспирирана од следниве стихови на Паз: „Ноќеска во твојата постела / Бевме торјца: Ти јас месечината...“.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 212. Слично на тоа, стихот на Паз: „Ветрот се враќа во студената постела на огнот“ е инспирација за песната „Студена постела на огнот“ на Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 224.

Наводи

Надворешни врски Октавио Паз, „Видот, допирот“ Октавио Паз, „Ден“ Октавио Паз, „Камен бел и црн“ Октавио Паз, „Ново лице“

Категорија:Родени во 1914 година Категорија:Починати во 1998 година Категорија:Мексикански поети Категорија:Мексикански писатели Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Беркли) Категорија:Мексикански нобеловци