Анри Луј Бергсон (; 18 октомври 1859 - 4 јануари 1941) — француски филозоф, претставник на интуиционизмот и филозофијата на животот. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1927 година за „неговите богати и обновувачки идеи и за особената умешност со која се претставени“.

Животопис Бергсон е роден во Париз, 18 октомври 1859, на еверјски родители во седумдетно семејство. Бергсон бил исклучително одличен ученик за време на неговото детство. Како и неговиот германски современик, Едмунд Хусерл, тој првично се занимава со математика. Во 1877 Бергсон добива прво место на престижен математички натпревар нудејќи решение на проблем Зачнат од Паскал. Бергсон покрај се одлучил да се подготви за престичното Екол Нормал во одделот за книжевност и хуманистички науки. Неговиот учител по математика, разочаран, наводно изјавил, „можеше да бидеш математичар, но одбра да бидеш само еден филозоф“.

Во 1878, Бергсон станува француски државјанин, имајќи избор да одбере и англиско државјанство. Примен е во Екол Нормал заедно со Емил Диркем и Жан Жорес. Бергсон дипломира во Екол Нормал во 1881. На крајот на филозофското образование во Франција, студентите се должни да положат високо селективен испит, пишувајќи текст на одредена тема, во случајов „Која е вредноста на современата психологија?“, на која Бергсон е рангиран како втор. Започнал да предава отпрвин во средно училиште, а неколку години подоцна и на Универзитет во градот Анжерс.

Неговата академска кариера набргу расте објавувајќи неколку познати текстови и трудови во реномирани списанија. Овие трудови му овозможуваат да стане професор во престижниот Колеж де Франс, а подоцна и во неговото матично Екол Нормал. Во овој период Бергсон ја посетува и Америка, каде извршува големо влијание врз прагматизмот на Вилијам Џејмс и воопшто американската книжевност. Во овој период, искрснува Првата светска војна, а со ова и почетокот на неговата политичка кариера. Најпрвин е пратен во Шпанија, а набргу е пратен на дипломатска мисија во САД да се сретне со американскиот претседател Вудро Вилсон. По неговата посета на Вашингтон, Бергсон изјавува: „Штотуку преживеав незаборавни часови. Човештвото ми се виде преобразено. […] Франција се спаси. Беше најголемата радост во мојот живот.“ Во меѓувреме, Бергсон соработува со американската влада со цел создавање „друштво на народите,“ тело со претставници од сите нации кои се залагаат за воспоставување мир. Ова друштво постои сè до 1946, кога прераснува во Обединетите нации. Следствено, Бергсон се прославува повеќе поради своите политички постигнувања отколку поради својата филозофија.

Во 1922, Бергсон е прогласен за претседател на Меѓународната комисија за интелектуална соработка - претходникот на УНЕСКО. Таму, Бергсон учествува во дебата со Ајнштајн, која, според Мерло-Понти, претставува „криза на разумот“. Бергсон ги објавува своите размисли за Ајнштајн под наслов Траење и истовременост. Сѐ уште постои контраверзност околу ова дело. Бергсон дозволува книгата да се печати сè до шестото и последно издание. Во втората половина на дваесеттите години, Бергсон страда од сериозен артритос, што го принудува да се повлече од јавниот живот. Во 1928, награден е со Нобелова награда за книжевност. Бергсон умира на 3 јануари 1941 на возраст од 81 година. Втората светска војна е веќе започната и Германија успешно ја окупира Франција. Постојат гласини дека Бергсон се заразил од болеста која го доведува до смрт чекајќи во ред да потпише дека е евреј. За жал, Бергсон потпишува тестамент во кој наложува сите негови списи да бидат уништени. Неговата жена наводно ја проследува неговата желба, палејќи ги сите негови документи. Поради ова, Бергсон, за разлика од негови други современици не достигнува висока популарност, имено најголемиот дел од неговите списи се уништени.

Творештво Во 1889 го објавува својот труд „Времето и слободната волја“. Во 1932 година е издаден неговиот последен труд во кој ги изразува неговите религиозни тенденции „Двата извора на моралот и религијата“. Други мошне важни дела се „Материјата и помнењето“ (1896) и „Творечка еволуција“ (1907).

Наводи

Категорија:Француски филозофи Категорија:Француски писатели Категорија:Метафизичари Категорија:Епистемолози Категорија:Филозофи на јазикот Категорија:Француски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Француски Евреи Категорија:Носители на Легијата на честа Категорија:Филозофи од 19 век Категорија:Филозофи од 20 век Категорија:Родени во 1859 година Категорија:Починати во 1941 година Категорија:Луѓе од Париз Категорија:Починати во Париз Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Апсолвенти на Високата нормална школа Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Членови на Француската академија Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Членови на Торинската академија на науките