Фибромијалгија претставува појава на хронична, широкораспространета болка и алодинија (зголемен и болен одговор на притисок). Точната причина за ова е непозната, меѓутоа се верува дека во себе вклучува психолошки, генетски, невробиолошки фактори и фактори од околината. Симптомите на фибромијалгија не се ограничени само на болка, туку вклучуваат и сериозен замор, нарушување на сонот и намалена зглобна подвижност. Заради овие особености во употреба е и називот синдром на фибромијалгија. Лошиот стил на живеење во кој спаѓа пушење, прекумерна тежина и недостиг на физичка активност може да го зголеми ризикот за развивање на фибромијалгија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Хронични болести Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ