Педро Мба Обианг Авомо (роден во Алкала де Енарес на 27 март 1992) — шпански фудбалер, со потекло од Екваторска Гвинеја, играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед.

Технички одлики Обианг е внатрешен играч од средниот ред, со одлични физички предиспозиции, визија во играта и многу квалитетен одземач на топката..

Кариера Роден во Шпанија од родители по потекло од Ебебијин, Екваторска Гвинеја, расте во на младите категории на Атлетико Мадрид.

Сампдорија Во јули 2008, кога Обианг имал само 16 години го купува Сампдорија за сума од 130.000 €. Во следните две сезони игра како стартер за Самп во Алиеви Национали и Примавера првенствата каде се покажал како еден од најдобрите. За сезоната 2010-2011 кога за нов тренер на Сампдорија бил назначен Доменико Ди Карло, тој го повикал Обианг да тренира со првиот тим на Сампдорија на летните претсезонски подготовки на клубот во Моена. На 12 септември 2010, тој го направил и своето деби во Серија А влегувајќи во игра во 57-мата минута на местото на Владимир Коман во натпреварот на гости против Јувентус што завршил 3-3.Емоции на Олимпико: Јувентус и Сампдорија завршија 3-3 Sampdoria.it.

Непосредно пред натпреварот тој потпишал петгодишен договор со тимот на Сампдорија САМП, Гаспарин : "Марилунго и Обианг потпишаа за пет години" Tuttomercatoweb.com . На 16 декември 2010 го направил своето деби во Лига Европа во натпрецарот Дебрецин-Сампдорија (2-0)Кабат ја замрзна Сампдорија it.uefa.com. Во следната сезона Обианг со Сампдорија се натпреварува во Серија Б, каде бил во состојба да одигра повеќе натпревари во континуитет во првиот тим, добивајќи ја довербата и на двајцата тренери Атѕори прво, а потоа и од Јакини. Сезоната ја завршил со 29 настапи во првенството и 4 во плеј-офот за промоција, кој бил освоен од страна на Самп.

Следната сезона со доаѓањето на Чиро Ферара како тренер е преместен поназад во средниот ред како отпорен халф, позиција која исто така била потврдена и од страна на следниот тренер Делио Роси. На 27 јануари 2013 Обианг го постигнал својот прв гол во кариерата во Серија А во натпреварот во кој Сампдорија ја прегазила Пескара со 6-0. На 6 март 2013 го обновил својот договор со Сампдорија сега со траење до 30 јуни 2017.. Својата прва сезона како стартер во Серија А ја завршил со 34 настапи и 1 гол.

Следната сезона Обианг станува главен плејмејкер на екипата на Сампдорија, но поради лошите резултати на клубот Делио Роси е сменет од тренерската функција и на негово место дошол Синиша Михајловиќ, кој во својата 4-2-3-1 формација одлучил Обианг да го врати на старото место во тимот како отпорен халф.

Вест Хем Јунајтед На 10 јуни 2015, Обианг потпишал четиригодишен договор со Вест Хем Јунајтед за необјавена трансфер сума.

Надворешни врски Сампдорија профил Педро Обианг soccerway Профил на gazzetta.it Football Italia

Наводи

Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Родени во 1992 година