Брент Букволтер (; р. во ) — поранешен американски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2008-2021 за две различни екипи.
Кариера
Букволтер бил член на велосипедската екипа на колеџот Лис-Мекре од 2003–2006. Додека бил нивни член освоил седум национални титули како екипа и Букволтер освоил девет поединечни национални титули во дисциплините планински велосипедизам, друмски велосипедизам и велокрос. Дипломирал на колеџот во 2006 година на насока биологија. Букволтер станал национален хронометарски првак под 23 години следната година. Во 2009 година го освоил прологот на Трката околу Јута.
Го привлекол вниманието по првпат кога завршил втор зад Бредли Вигинс на воведниот хронометар на Џиро д’Италија 2010. Неговото време на прологот на Тур де Франс подоцна во сезоната исто така било меѓу најдобрите десет.
Настапил на (меѓу другите трки) Лиеж-Бастоњ-Лиеж 20102010 Liège–Bastogne–Liège standings, Liège–Bastogne–Liège website. и на Критериум ди Дофине Либере 2009. Исто така настапил на друмската трка на Светското друмско првенство 2009. Во текот на кариерата настапил на седум светски првенства. Дополнително, бил дел од екипата на БМЦ која му помогнала на Кедел Еванс да стигне до победата на Тур де Франс 2011.
Во 2013 година, Букволтер ја освоил првата етапа на Трката околу Катар, на која имало силен ветер, разделувајќи ја групата. Букволтер и двајца други возачи избегале од водечката група на 11 километри до целта и успешно го одбраниле нивното водство, а Букволтер го претекнал двоецот на крајот. Велосипедистите зад него биле изедначени и затоа им било доделено истото време како него. Победата на екипниот хронометар на втората етапа му дозволила на Букволтер да ја сочува жолтата маичка на третата етапа, пред да заврши втор на крајот зад Марк Кевендиш. Букволтер завршил втор на националното хронометарско и друмско првенство, а истата пролет завршил втор и зад Роан Денис на воведната Трка околу Алберта.
Во 2015 година, Букволтер го освоил првиот пласман со победа на бодовниот пласман на Трката околу Јута, каде исто така завршил на подиумот во генералниот пласман. Ја освоил втората етапа на САД Про Сајклинг Челинџ, на планинска завршница, освојувајќи жолтата маичка, која ја носел два дена пред на крајот да заврши втор зад колегата Роан Денис. Следната година зел уште еден подиум на домашна почва на Трката околу Калифорнија. Таа година настапил за репрезентацијата на САД на Летните олимписки игри 2016 на друмската трка и на хронометарот.
Букволтер се приклучил на во 2019 година каде ја имал улогата на капетан, помагајќи ѝ на екипата да дојде до етапни победи на сите три големи трки и освојувајќи го седмото место на Страде Бјанке 2020. Во јуни 2021 година, Букволтер објавил дека ќе се повлече од трките на крајот на сезоната.
Достигнувања
2005 2. Национално хронометарско првенство под 23 години 2006 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 2008 7. Тур де Лиланау 2009 1. Пролог Трка околу Јута 2010 1. Фал Тур Инвитејшанл 2011 4. Национално хронометарско првенство 2012 3. Национално хронометарско првенство 2013 Национални друмски првенства 2. Друмска трка 2. Хронометар 2. Краен пласман Трка околу Катар 1. Етапа 1 1. Етапа 2 (ТТТ) 2. Краен пласман Трка околу Алберта 2014 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино 2015 2. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ 1. Етапа 2 3. Краен пласман Трка околу Јута 1. 20п Спринтерски пласман 4. Краен пласман Трка околу Австрија 7. Трофео Лаигвелја 2016 3. Краен пласман Трка околу Калифорнија 8. Краен пласман Вуелта а Андалусија 2017 1. Етапа 2 (ТТТ) Волта а Каталуња 2. Национално хронометарско првенство 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија 4. Краен пласман Тур де Јокршир 5. Краен пласман Трка околу Јута 1. Етапа 2 7. Краен пласман Тур ди О Вар 7. Краен пласман Класик Колорадо 2018 1. Етапа 3 (ТТТ) Волта а ла Комунитат Валенсијана 3. Национално хронометарско првенство 4. Краен пласман Трка околу Јута 2019 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико 1. Етапа 1 (ТТТ) Чешка велосипедска трка 1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана Интернационале Копи е Бартали 8. Краен пласман Трка околу Хрватска 2020 7. Страде Бјанке 2021 2. Национално друмско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро95———6866———СОСО 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур147114—91——117———— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта——78—————66——
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски велосипедисти Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Албакерки Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на САД