мини|200п|Банкнота на 100 руски рубљи издадена во 2013 од Централната банка на Русија во чест на Игрите
XXII Зимски олимписки игри — зимски олимписки игри коишто се одржале од 7 до 23 февруари 2014 во Сочи, Русија, додека некои настани се одржале во зимското одморалиште Краснаја Полјана.
На игрите се одржале 98 настани во 15 зимски спортски дисциплини. Олимписките и Параолимписките игри 2014 биле организирани од Организацискиот комитет Сочи. Сочи бил избран како град-домаќин во јули 2007, во текот на 119. заседание на МОК одржано во Гватемала. Олимпијадата во Сочи била првата Олимпијада во Русија од распадот на СССР, кој бил домаќин на Летните олимписки игри 1980 во Москва.
Настаните од Зимската олимпијада 2014 се одржале на две места во нови објекти; Олимпискиот парк бил изграден во Имерентинската долина на брегот на Црното Море, додека Олимпискиот стадион и другите затворени објекти се наоѓале во близина, додека настаните на отворено се одржувале во Краснаја Полјана. Во подготовката за игрите, организаторите се насочиле на осовременување на телекомуникациите, електричната енергија и сообраќајната инфраструктура на областа. Иако првично се планирале 12 милијарди долари, различни фактори предизвикале буџетот да се зголеми на неверојатни 51 милијарда долари, надминувајќи ги проценетите 44 милијарди трошоци на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг како најскапи олимписки игри во историјата.
Организацијата на Зимските олимписки игри 2014 биле вознемирена од неколку големи скандали, вклучувајќи ги обвинувањата за корупција кои довеле до сериозно покачување на трошоците, заедно со загриженоста на политичарите и спортистите за забраната на „пропаганда на нетрадиционални сексуални врски“ на Игрите.
Избор на град-домаќин мини|десно|200п|Жителите на Сочи ја прославиле одлуката на МОК за одржување на Зимската Олимпијада 2014 во Сочи, 4 јули 2007
Сочи бил избран на 4 јули 2007 во текот на 119. заседание на Меѓународниот олимписки комитет одржано во Гватемала Сити, Гватемала, поразувајќи ги кандидатурите на Салцбург, Австрија и на Пјонгчанг, Јужна Кореја. Ова ќе биде првпат Руската Федерација да биде домаќин на Зимските олимписки игри. СССР бил домаќин на Летните олимписки игри 1980 одржани во и околу Москва.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 2014 Град Земја (НОК)Прв кругВтор круг Сочи 34 51 Пјонгчанг 36 47 Салцбург 25 —
Трошоци До октомври 2013, проценети трошоци на Зимските олимписки игри 2014 достигнале 51 милијарда долари. Оваа вкупна сума е четири пати повеќе отколку првичниот буџет од 12 милијарди долари (споредено со 8 милијарди долари потрошени за Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер), со што игрите во Сочи биле најскапи олимписки игри во историјата, надминувајќи ги проценетите трошоци од 44 милијарди долари на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг. Зголемувањето е припишано на квалитетот и условите на работата; Леонид Мартињук и Борис Немцов исто така тврделе дека 30 милијарди долари од буџетот биле проневерени или дадени како мито од Путин.
Одобрени средстваод 2006 до 2014 ГодинаМлрд. рубљи 2006 5 200716 2008 32 2009 27 2010 22 2011 27 2012 26 2013 22 2014 8
Според претседателот и извршниот директор на организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Сочи 2014, Дмитриј Чернишенко, се дозволува употреба на средства собрание за Сочи 2014 за развојниот период 2009/10 од партнерства и комерцијални програми, одложувајќи ја потребата за државни средства гарантирани од руската влада. Потврдил дека организацискиот комитет собрал повеќе од 500 милиони долари од маркетинг во првите пет месеци од 2009.
Руската влада обезбедила скоро 327 милијарди рубљи (околу 10 милијарди долари) за вкупниот развој, проширување и одржување на Игрите. 192 милијарди рубљи доаѓаат од федералниот буџет, а 7 милијарди рубљи од буџетот на Краснодарскиот крај и од буџетот на Сочи. Организаторите очекувале да имаат суфицит од 300 милиони долари по завршувањето на игрите.
Финансирањето од небуџетски извори (вклучувајќи средства од приватни инвеститори) — распределено по:Experts analyzed which industries are most interested in Sochi Olympics Rosbalt.biz, 6 јули 2007 Туристичка инфраструктура: 2,6 млрд. долари Олимписки места: 500 мил. долари Сообраќајна инфраструктура: 270 мил. долари Електрично снабдување: 100 мил. долари
Собиралишта Со просечна температура од 8,3 °C во февруари и влажна суптропска клима, Сочи бил најтоплиот град, кој негогаш бил домаќин на Зимските олимписки игри.Vancouver Olympics: Embarrassed Russia looks to 2014 Sochi Olympics The Christian Science Monitor, 1 март 2010 Игрите биле 12. олимписки игри по ред кои го забранувале пушењето: сите собиралишта во Сочи, баровите и рестораните во Олимпискиот парк и јавните површини биле забранети области за пушење во текот на игрите.Rio Golf Course; Women's World Cup; IOC Nominee for Japan? – No Smoking in Sochi Around the Rings, 14 јули 2011
Крајбрежно подрачје десно|мини|300п|Олимпискиот парк со сите други собиралишта околу наградниот плочник
Олимпискиот парк во Сочи е изграден покрај брегот на Црното Море во Имеретинската Долина, околу 4 километри од руската граница со Грузија.Russian Deputy PM leads Sochi delegation to inspect Munich Olympic Park Inside the Games, 22 мај 2010 Собиралиштата че бидат сместени околу езерцето Медалс Плаза, со што се овозможува сите затворени објекти да бидат во близина. Нови собиралишта се:Посмотрели свысока Yugopolis, 16 јули 2013
Олимписки стадион Фишт — церемонијата за отворање и затворање (40.000 гледачи)Олимписки стадион Фишт Сочи 2014; 31 декември 2010 Леден дворец „Бољшој“ — хокеј на мраз (финале), 12.000 гледачи Арена „Шајба“ — хокеј на мраз, 7.000 гледачи Арена „Адлер“ — брзо лизгање, 8.000 гледачи Ајсберг — уметничко лизгање, брзо лизгање, 12.000 гледачи „Ледена коцка“ — карлинг, 3.000 гледачи Главното олимписко село Телевизискиот центар и главното подрачје за печатот
Планинско подрачје
десно|мини|200п|Скијачко одморалиште во Краснаја Полјана
Олимписки комплекс Лаура — биатлон, скијачко трчање Екстремен парк Роза Хутор — слободно скијање, скијање на даска Роза Хутор — алпско скијање Санкашки центар Санки — боб, санкање и скелетон Руские Горки — скијачки скокови, нордиска комбинација (скијачки скокови и скијачко трчање на 2 км околу арената) Олимписко село Роза Хутор
По Олимпијадата По Олимпијадата се планира да се организира градска улична трка на Формула 1 околу Олимпискиот парк. Договорот за одржување на Големата награда на Русија бил потпишан на 14 октомври 2010 и важи од 2014 до 2020. Првата трка ќе се одржи по церемонијата на затворање на Игрите, но МОК објавил дека трката ќе биде одложена до 2015, ако изградбата на патеката засмета на подготовките за Олимпијадата 2014.
Игрите Олимписки пламен мини|Принцот Алберт II од Монако и претседателот Владимир Путин со олимпискиот пламен во Москва.
На 29 септември 2013, олимпискиот пламен бил запален во Олимпија, започнувајќи го седумдневното патување низ Грција и кон Русија, потоа штафетата започнала во Москва на 7 октомври 2013 пред да помине низ 83 руски градови и да пристигне во Сочи на денот на церемонијата на отворање, 7 февруари 2014. Тоа била најдолга штафета на пламенот во олимписката историја, поминувајќи над 60.000 километри низ сите региони на земјата, од Калининградската Област на западот до Чукотска на истокот, а факелот го носеле олколу 14.000 луѓе.
Олимпискиот пламен стигнал на Северниот Пол по првпат со атомски мразокршач и по првпат бил однесен во вселената, руските космонауит Олег Котов и Сергеј Рјазански го однеле на Меѓународната вселенска станица. Пламенот исто така бил однесен на највисоката планина во Европа Елбрус, како и во длабочините на сиберското Бајкалско Езеро.
Земји-учеснички Вкупно 88 земји обезбедиле учество со најмалку еден спортист.Africa: Athletes Return to Tropical Roots to Reach Winter Olympics Бројот на спортисти по дадени земји е прикажан подолу. За првпат на игрите учествувале спортистите од седум земји: Доминика, Малта, Парагвај, Источен Тимор, Того, Тонга и Зимбабве. Кристина Кроне се квалификувала за настап на вторите по ред игри за нејзината нација Порторико, но островскиот олимписки комитет одлучил да не ја испрати повторно како што направиле во 2010. Слично, Јужна Африка одлучила да не го испрати алпскиот скијач Сиве Спелман во Сочи. Алжир исто така не го пратил својот единствен квалификуван спортист Мехди-Селим Келифи.
мини|center|600п
Земји-учеснички на Зимските олимписки игри (број на квалификувани спортисти)
Држави кои учествувале во 2010, но не во 2014.Држави кои учествувале во 2014, но не во 2010. Спортистите од Индија настапиле под олимпиското знаме. Индија била суспендирана во декември 2012 поради изборниот процес во индиската олимписка асоцијација.
Спортови Вкупно 98 настани во 15 дисциплини во 7 спортови биле вклучени на Зимските олимписки игри 2014. Три дисциплини во лизгање се уметничко лизгање, брзо лизгање и брзо лизгање на кратки патеки. Шест скијачки спортски дисциплини се алпско скијање, нордиско скијање, слободно скијање, нордиска комбинација, скијачки скокови и скијање на даска. Две санкачки спортски дисциплини се боб и скелетон. Други четири спортови се биатлон, карлинг, хокеј на мраз и санкање. Вкупно дванаесет нови настани биле воведени на најголемите зимски игри досега. Бројот во заградите го означува бројот на настани предвидени во спортските дисциплини.
20п Алпско скијање (10) 20п Биатлон (11) 20п Боб (3) 20п Нордиско скијање (12) 20п Карлинг (2) 20п Уметничко лизгање (5) 20п Слободно скијање (10) 20п Хокеј на мраз (2) 20п Санкање (4) 20п Нордиска комбинација (3) 20п Брзо лизгање на кратки патеки (8) 20п Скелетон (2) 20п Скијачки скокови (4) 20п Скијање на даска (10) 20п Брзо лизгање (12)
Календар Во следниот календар секоја сина клетка претставува едно или повеќе настани, како што се квалификациите, во даден ден. Жолтите клетки ги претставуваат настани за медали во спортовите и во секоја ќелија е впишан бројот на финалиња предвидени да се одржат тој ден.
Сите датуми се под MSK (UTC+4) ЦО||Церемонија на отворање |style="width:2.5em; background:#3399ff; text-align:center"|●||Квалификации |style="width:2.5em; background:#ffcc00; text-align:center"|1ФиналињаЕГ||Егзибиции |style="width:2.5em; background:#ee3333; text-align:center"|ЦЗЦеремонија на затворање
Февруари6.Чет7.Пет8.Саб9.Нед10.Пон11.Вто12.Сре13.Чет14.Пет15.Саб16.Нед17.Пон18.Вто19.Сре20.Чет21.Пет22.Саб23.НедНастани20п Церемонии ЦО ЦЗ 20п Алпско скијање
| bgcolor=#ffcc00|| bgcolor=#ffcc00| | | bgcolor=#ffcc00|| | bgcolor=#ffcc00| | bgcolor=#ffcc00|| bgcolor=#ffcc00|
| bgcolor=#ffcc00|| bgcolor=#ffcc00| | | bgcolor=#ffcc00|| bgcolor=#ffcc00| | | 10 |- align="center" | colspan=2 align="left" | 20п Биатлон
| bgcolor=#ffcc00| | bgcolor=#ffcc00||bgcolor=#ffcc00| | bgcolor=#ffcc00|| | bgcolor=#ffcc00| | bgcolor=#ffcc00|| | bgcolor=#ffcc00| | bgcolor=#ffcc00|| | bgcolor=#ffcc00| | | bgcolor=#ffcc00|| bgcolor=#ffcc00| | | 11 |- align="center" | colspan=2 align="left" | 20п Боб
| bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#ffcc00| | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#ffcc00|| | | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#ffcc00| | 3 |- align="center" | colspan=2 align="left" | 20п Нордиско скијање
| bgcolor=#ffcc00| | bgcolor=#ffcc00|| | bgcolor=#ffcc00| | | bgcolor=#ffcc00|| bgcolor=#ffcc00| | bgcolor=#ffcc00|| bgcolor=#ffcc00|
| bgcolor=#ffcc00|| | | bgcolor=#ffcc00| | bgcolor=#ffcc00|| 12 20п Карлинг
| bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#ffcc00|| bgcolor=#ffcc00|
| 2 |- align="center" | colspan=2 align="left" | 20п Уметничко лизгање | bgcolor=#3399ff|● | | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#ffcc00| | | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#ffcc00|| bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#ffcc00| | | bgcolor=#3399ff|● | bgcolor=#ffcc00||