Дељадровски манастир „Свети Ѓорѓи“ — манастирски комплекс недалеку од скопското село Дељадровци, веднаш покрај автопатот Скопје - Куманово спроти рафиниеријата „Окта“. На 6 мај 2008 г. целиот комплекс е целосно преосветен од страна на тогашниот митрополит Полошко-кумановски г. Кирил.Реосветување на целосно возобновениот манастир „Св. Вмч. Ѓорѓи“, кој исто така почива во овој комплекс. Денес манастирскиот комплекс претставува прекрасно уредено место со можности за комплетен престој во кој се нуди преноќиште и традиционални јадења. Во 2023 г. манастирот станал седиште на нововодедената Дељадровско-илинденска епархија на МПЦ - ОА.
Цркви Во манастирскиот комплекс постојат 5 цркви: Св. Ѓорѓи
Црквата Свети Ѓорѓи е главната манастирска црква. Изградена е во 1921 година, а осветена во 1934 година.
Раѓање на Пресвета Богородица
Црквата посветена на Рождението Богородично е мала градба со исцелителен крст. Поради верувањето за исцелителноста ова црквиче е доста посетено.
Св. Архангели Михаил и Гаврил
Црквичката посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил е понова градба. На тоа место во минатото имало само крст како закрилник на селото. Ктитор на ова црквиче е Игуменијата Зиновија од манастирот.
Св. Петка и Св. Недела
Црквата посветена на светителките Петка Трновска и Света Недела е исто така една од поновите црквички во манастирот. На ова место претходно имало крст.
Св. Злата Мегленска
Црквата посветена на македонската светителка е најновата црква во манастирскиот комплекс. Била осветена на 29 јули 2012 година од поглаварот на МПЦ - ОА г.г. Стефан и митрополитот полошко-кумановски г. Кирил.Г.г. Стефан ќе ја освети новата црква „Св. Злата Мегленска“ во Дељадровце
Наводи
Категорија:Дељадровски манастир