Св. Илија — археолошко наоѓалиште во преспанското село Крани. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на јужната страна од селото, каде се издига тераса која благо се спушта кон запад и доминира над околниот терен. На западниот крај на терасата се гледаат остатоци од некропола и црква што била посветена на Св. Илија. Конструкцијата на гробовите е од камени плочи, а насоченоста им е исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Анче — населба од доцноантичко време; Кобел —населба од хеленистичко време; Св. Никола — црква и некропола од средниот век; Крани; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Крани