Јакоб Филип Фалмераер (германски: Jakob Philipp Fallmerayer; – ) е тиролски патник, новинар, истражувач и историчар. Тоје роден во Чеч, во близината на Бриксен, а починал во Минхен. Како истражувач на историјата и патник стилски доловил фини „Фрагменти“ од Ориентот, низ кој патувал во 1831, 1840-42 и 1847-48. Во својата научна работа Фалмерајер го изнесува денес веќе побиениот став, дека Хеленската империја била уништена во средниот век, а денешните нови Грци се најчесто од словенско потекло. Во 1835 година станува член на Академијата, а во 1848 професор во Минхен. Во 1849 ја губи професорската служба заради неговата припадност на Франкфуртското национално здружение. И покрај теолошките студии и офицерската кариера, тој имал многу либерални сфаќања. Во научниот свет Фалмерајер своето место го зазема со своите дела „Историја на империјата Трапезунд“ и „Историја на полуостровот Мореа“. Во 1845 ја објавил „Фрагменти од Ориентот“

Живот Фалмерајер бил син на земјоделецот и надничар Јохан Фалмерајер и неговата сопруга Марија Кламер. Преку стипендија која му ја обезбедил епископот од Бриксен Карл Франц фон Лодрон, можел не само успешно да го заврши училиштето, туку и да ги заврши студиите во Ландсхут. По студирањето на сеопфатните хуманистички ориентирани студии, Фалмерајер се префрлил на универзитетот во Салцбург за да студира ориентални јазици кај Алберт Нагнцаун. На 23 години ги завршил студиите и во 1813 влегол во баварската армија. По војната со Франција тој станува предавач во Линдау. Во 1818 бил прогласен за примарен учител во гимназијата кај „Св. Ана“ во Аугсбург, а три години подоцна Фалмерајер ја добил истата заслуга во Ландсхут.

Во 1826 бил ангажиран како предавач и се здобил со титула професор по филологија и универзална историја на универзитетот во Минхен. Оваа служба ја имал сè до неговото отпуштање во 1848. Во текот на оваа година настанала неговата многу дискутирана „Историја на империјата во Трапезунд“ (1827) со која што го продолжил делото „Imperii Trapezuntini Historia” од Пер Афкелиј. За ова Фалмерајер бил пофален од Данската кралска академија на науки, а неговото дело било наградено. Преку филологот Георг Антон Фридрих Аст, Фалмерајер го запознал рускиот генерал Александар Иванович Остерман-Толстој кој го придружувал од 1831 до 1834 на истражувачкото патување низ Грција и Блискиот Исток.

Натпис од Јакоб Филип Фалмерајер во големиот храм на Рамзес II, Абу Симбел, Египет

Во 1834 година Фалмерајер се вратил во Минхен, но повеќе ја немал државната служба што било пречка за развивање на сопствените научни погледи. Голема утеха му била понудата за членство во Бавариската академија на науките. Сега Фалмерајер својот леб го заработувал како вонреден професор и како слободен соработник на Аузбуршкиот весник. Поддржан од главниот уредник Густав Колб Фалмерајер пишувал фељтони и есеи на разни политички теми, најчесто околу Грција и Блискиот Исток. Исто така во своите написи ја претставил и руската закана, во која тој ги сомничи царевите за завладување со светот. Во периодот 1840/1842 и 1847/1848 години Фалмерајер патувал неколкупати на Блискиот Исток, кои претежно биле патувања финансирани преку својата работа воАугзбуршкиот весник. Од 18 мај 1848 до распадот на 19 јуни 1849 бил член на Франкфуртското национално здружение на изборни единици „Минхен II“. Иако Фалмерајер бил пасивен во ова здружение бил отпуштен заради неговите политички активности како професор по историја. Фалмерајер починал на 70 годишна возраст, на 25 април 1861 во Минхен. Во 1956 г., во Виена, Флоридсдорф (Fallmerayerweg) улицата на Фалмерајер била именувана по него.

Значење Фалмерајер станал познат по своите етногеографски трудови. Во 1830 г. тој се истакнал со својата контраверзна теза дека Старите Грци изумреле во средниот век и биле заменети со хеленизирани Словени и Албанци, омразата на хеленофили и грчките патриоти. Неговата научна работа е содржана во неговата „Историја на империјата Трапезунд“, која што била непозната пред неговата научно-истражувачка работа. Во Германија своевремено бил отфрлен од пан-словенската пропаганда. Неговите етнографски дела подоцна ќе бидат користени од страна на националсоцијалистите за политичка пропаганда на Балканот. Етнолошките тези на Фалмерајер не биле претставувани. Биле публикувани само неговите чисти географски тези.

Тезата на Фалмерајер за етногенезата на денешните Грци Делото на Фармерајер „Историја на полуостровот Мореа за време на средниот век“ (Пелопонез) иницирало контроверзни реакции. Во него тој зборува за еден унифициран хеленски етникум во Грција презентиран врз основа на албански и словенски имиња на места, како и од претходно контроверзните хроники на Монемвазија, со што била проширена тезата според која Грциte во средниот век целосно изумреле. Тој буквално напишал: Родот на Хелените во Европа е уништен... и ниту една капка благородна и чиста хеленска крв не тече низ вените на христијанското население во денешна Грција. Фалмерајер: Јакоб Филип е роден на 10 декември 1790 во Вајлер Баерсдорф, епископски град кој се наоѓа на височините богати со вино кај Чеч, еден час јужно од Бриксен. Момчето Фалмерајер уште од мал негувал извонредно чувство за природните убавини, чувал овци на падините на Чич распослани со костенови дрвја. Неговиот татко бил надничар кој не заработувал многу, а имал 12 деца за хранење. Сепак во соседството се нашол свештеник кој забележал талент кај сиромашното момче и верувал дека од него може да биде хорски пејач во соборниот храм во Бриксен „за потребите на црквата во иднина“.

Јавната настава во тоа време доста се издвојувала. Подоцна баварискиот професор се фалел дека во тоа училиште го нашол Валентин Форер, (починал во 1845 во Бриксен), кој најмалку сакал да изучува грчка граматика. „Незадржливиот порив предизвикан од сопствениот став за независност и слободно движење го истурка можеби прерано и пренасилно кое што предизвика негодување и одбивање.“ Во секој случај, ситуацијата на момчето внатре во училиштето продолжувала да станува се по неподнослива. Тој одлучил да избега тајно, во доцната есен во 1809 година, во ужасите на Tиролското востание, во тогашниот баварски универзитетски град Салцбург. Таму тој морал да се справува со сиромаштијата и во најголем дел се издржувал од приватни часови. Но тој бил неуморен, имал одлични предавачи и богата библиотека на располагање. Чувството да се тргне по неговиот пат олеснувало некои откажувања. Со желба и очигледен успех, под раководство на отец Алберт Нагнцаун, кој бил образован во Готингем (подоцна прелат на прастариот и учен во „Св. Петар“), ги минал студиите по семитски јазици, а во исто време амбициозниот ученик го продлабочил интересот и љубовта кон историјата и историските науки. Тогашната професија на Фалмерајер била теологија. За да може да си обезбеди егзистенција за цел живот и самостојно да може да се занимава со научна работа, на крајот на првата година од студиите побарал влез во богатата и позната Опатија во Кремсминстер, горна Австрија, но неговите планови биле отежнати од страна на баварските власти кои се противеле на неговата емиграција. По двегодишните студии по теологија на универзитетот во Салцбург, кои во јануари 1811 биле намалени на еден теолошки лицеј, Фалмерајер кон крајот на 1812 година стапил на универзитетот Ландсхут. Сега беше во теологијата, па малку во правото, па на крајот во потполност се фрли на класичните, лингвистичките и историските студии. Неговиот надворешен однос станал многу попријателски. Добил стипендија, а богат мецена му подмирил други парични давачки. Сепак морал да стави крај на мирниот живот во Ландсхут. Ослободителната војна беше започната и студентот беше повикан на отслужување на воениот рок. Фалмерајер стапил во војска во јули 1813 како потпоручник во баварската пешадија. Се борел на 30 октомври во Битката кај Ханау и бил јавно пофален заради храброста. По тримесечната зима и „крвавите битки во внатрешноста на Франција биле тежок испит за неискусното, но при големата револуција на идеи и на работи истовремено и најплодна вежба за продолжување на приемчивиот ум.“

По првиот договор од Париз, младото момче останало цела година во окупациските сили на левиот брег на реката Рајна. Во следните битки – по Битката кај Ватерло – тој поминал речиси половина година како аѓутант на генералот фон Шпрети во еден замок во околината на Орлеанс. „Можноста да запознае туѓ, поинаков начин на говорење и други фини манири, под такви околности била голема.“ Таму, во замокот кај Орлеанс, тој ја добил својата темелна преобразба, која него, глупавото, младо селанче од Чеч го претворила во светски џентлмен. Поточно, голем дел од заслугата за неговата префинетост им се препишувала на тамошните маркизи и други француски дами. По вториот француски договор, во декември 1815 г., Фалмерајер се вратил во својата баварска татковина со единаесеттата пешадиска единица, во гарнизонот во Линдау, на Боденско езеро. „Љубовта кон незавршените студии повторно се разбудила во него.“ Многу слободно време после напорен период, убавите пејзажи на Боденското езеро и богатата и пријателски настроена книжарница во стариот дел на градот му се приближиле. Повеќе од две години непрекинат труд ги пополниле празнините што војната ги направила во него. Кон својот интерес за јазици биле додадени новиот грчки, персискиот и турскиот.

Во меѓувреме, по свое барање ја прекинал воената служба и во 1818 година преминал во учителската професија. Аугсбург го видел како учител од низок ранг, а Ландсхут му дал висока позиција. Откако во 1826 универзитетот бил префрлен во Минхен и таму тој се здобил со звање лицеј, му била дадена предавалната по универзална историја и филологија. Од ова му се препишува „името“ учител по историја, иако оваа служба траела само четири години. Неговиот духовит и саркастичен говор го привлекол целиот цивилизиран Ландсхут во својата предавална. Слушателите на тие предавања уште долго потоа со големо воодушевување зборувале за нив и споделувале впечатоци.

Во Ландсхут Фалмерајер ја започнал својата книжевна дејност. Кога Академијата во Копенхаген најавила награда за историјата на империјата Трапезунд, тој посебно возбуден од ова, почнал со работа и иницирал значајна расправа за тоа време, која што во 1824 година била наградена со златен медал и со посебни пофалби од страна на тогашното интелектуално општество. Како резултат на истражувањата во Виена и Венеција, во 1827 година била објавена „Историја на империјата Трапезунд“ во грчки и ориентални ракописи, која ширела светлина низ државите во средновековието.

Оваа публикација му донела на професорот голема слава и чест помеѓу интелектуалниот свет во Ландсхут, но во Баерн не наишла на успех.