Џим Боуви (, Логан, Кентаки, САД - , Сан Антонио, Тексас, САД) — американски војник.

Во 1800 година заедно со своите родители се преселил во Мисури, а потоа во 1802 година во Луизијана, каде што подоцна бил сопственик на плантажа за шеќерна трска и служел во државното законодавно тело. Во 1828 година се преселил во Тексас, прифатил мексиканско државјанство, со што му било доделено земјиште, и се оженил со ќерката на заменик-гувернерот. Спортивставувајќи се на мексиканското законодавство да ја спречи емиграцијата на американските доселеници, тој се приклучил во Тексашкото револуционерно движење и станал полковник во тексашката војска. Боуви останал запаметен по неговата храброст во одбраната на Аламо. Тој иновирал нож кој го носи неговото име. Станал легендарен херој и важна личност во американскиот фолклор.

Користена литература Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.

Категорија:Учесници во Тексашката револуција Категорија:Американски фолклор