Куп на шампиони 1969/70 — 15-то издание на Купот на шампионите, најсилното европско клупско фудбалско натпреварување. Финалето е одиграно на 6 мај 1970 на стадионот Сан Сиро во Милано, каде што Фејенорд со резултат 2:1 по продолжетоци го победил Селтик, со тоа освојуваќи ја својата прва титула. Фејенорд во осминафиналето го елиминирал бранителот на титулата од претходната сезона Милан.
Италија била единствена земја со два претставници, каде што покрај Милан, освојувач на Купот од претходната сезона, се натпреваувала и Фјорентина, првак на Италија од претходната сезона.
Квалификации
Прво коло
Осминафинале
1 Галатасарај и Селтик се пласирале во четвртфиналето со фрлање на паричка.
2 Форвертс Берлин се пласирал во четвртфинале по правилото за повеќе голови постигнати на гости.
Четвртфинале
Полуфинале
Финале
Категорија:Сезони во Купот на европските шампиони