Вилијам Кулен Брајант (, Камингтон, Масачусетс, САД - , Њујорк) — американски поет.

На 17-годишна возраст ја напишал „Танатопсис“, медитација за природата на смртта, што останува неговата најпозната поема. Бил под влијание на деизмот, а самиот влијаел врз Ралф Валдо Емерсон и Хенри Давид Торе. Речиси 10 години работел како адвокат, профеција што ја мразел. Со своите „Поеми“ (1821), вклучувајќи ја и „За водениот волк“, добил репутација на успешен поет. Во 1825 година се преселил во Њујорк, каде што речиси 50 години бил главен уредник на весникот „Ивнинг Пост“ (Evening Post) (1829-78), кој го трансформирал во орган за прогресивно мислење.

Користена литература Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.

Категорија:Американски поети Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките