Кумановско-осоговска епархија — една од 15. епархии на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
Епархијата е создадена со одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА на 17 септември 2013 година, како една од наследничките на Полошко-кумановската епархија. Епархијата ја возглавува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Григориј. Оваа епархија се протега на територијата на градовите: Куманово, Кратово и Крива Паланка.
Состав на епархијата
Во минатото, во состав на епархијата влегувале следните архијерејски намесништва:
Кумановско архијерејско намесништво: 60 цркви, 8 манастири, 12 параклиси и 120 крстови. Кратовско архијерејско намесништво: 12 цркви, 3 манастири, 9 параклиси и 19 крстови. Кривопаланечко архијерејско намесништво: 13 цркви, 1 манастир, 7 параклиси и 50 крстови.
Денес, епархијата е поделена само на Кумановско-кратовско архијерејско намесништво и Кривопаланечко архијерејско намесништво.
Митрополити
Јосиф - 10 ноември 2013 - 22 мај 2020 Григориј - 26 јули 2020 - денес
Манастири
Најпознати манастири во оваа епархија се:
Осоговски манастир Карпински манастир Нагоричански манастир Псачки манастир Жеглиговски манастир
Издаваштво
Во Кумановско-осоговската епархија се развива активна издавачка дејност, во рамките на која се издава епархискиот тромесечник „Тавор“.
Галерија Објект на епархијата во близина на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Старо Нагоричане
Надворешни врски Официјално мрежно место