Македонски претседателски избори (1999) — втори по ред претседателски избори во независна Република Македонија. Дотогашниот претседател Киро Глигоров не се кандидира на овие избори, а победник беше Борис Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидати во првиот круг Муарем Неџипи Васил Тупурковски Мухамед Халили Тито Петковски Стојан Андов Борис Трајковски
Резултати КандидатПартијаПрв кругВтор кругБрој на гласови%Број на гласови%Тито ПетковскиСДСМ343.60633,1513.61446,8Борис ТрајковскиВМРО-ДПМНЕ219.09821,1582.80853,2Васил ТупурковскиДА163.20615,7Муарем НеџипиДПА155.97815,0Стојан АндовЛДП111.98310,8Мухамед ХалилиПДП45.7314,4Неважечки ливчиња11.013–16.281–Вкупно1.050.6151001.112.703100Регистрирани гласачи/излезност1.613.28465,11.610.34069,1Извор: Nohlen & Stöver
Резултати од Првиот круг Првиот круг на гласањето се одржа на 14 ноември 1999 година. По преброените гласови, во вториот круг се пласираа Тито Петковски со освоени 509.933 гласови и Борис Трајковски со освоени 449.026 гласови.
Резултати од Вториот круг Вториот круг на гласање се одржа на 5 декември 1999 година. Изборниот ден ќе биде запаметен со многу нерегуларности и огромен број на излезени гласачи помеѓу албанското население. Во вториот круг победи Борис Трајковски со 582.808 гласови, а Тито Петковски имаше 513.614 гласови, или 52.40% наспроти 46.18%. СДСМ не ги призна изборните резултати и го бојкотираше Претседателот Трајковски сè до доаѓањето на власт на Парламентарните избори во 2002 година.
Останати статистики Бројот на запишани избирачи во 1999 година бил: 1.610.340 од нив на гласање излегле 1.112.153 гласачи. По преброените гласачки ливчиња Државната Изборна Комисија констатираше дека има 16.281 неважечки гласачки ливчиња или 1,46% од вкупниот број на ливчиња.
Поврзано Избори во Република Македонија
1999 Категорија:Македонија во 1999 година Категорија:Избори во Европа во 1999