Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Агларци. Претставува некропола од среден век. Се наоѓа на оддалеченост од околу 250 м западно од селото, на блага височинка што зафаќа површина од околу 2.000 м2, каде на самиот врв има исправен камен висок 1,25 м и широк 0,37 м. На едната страна на каменот има вдлабена ниша во која се наоѓа релјефно обработен крст. На горниот крај на крстот, лево и десно се врежани по еден мал крст со димензии 0,08 × 0,08 м.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Тумба Гробишта — населба од бронзено време; Смаилица — населба и некропола од средниот век; Долна Тумба — населба од неолитско време; Долно Агларци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Долно Агларци