Ќерамидница — археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Орехово. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 1 км северозападно од селото, на самата граница со сегашното акумулационо езеро. Овде, во 1977 и 1979 година, Заводот и музеј од Битола вршел заштитно сондажно истражување, при што биле откриени остатоци од објекти градени од камен и кал и дворно место поплочено со камени плочи. Од откриениот подвижен материјал значајни се бронзените монети од III и IV век и фрагментите од керамички садови со претстава на Изида Фортуна.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Прогон — населба од доцноантичко време; Долно Орехово; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Долно Орехово