Дабица — археолошко наоѓалиште во битолското село Живојно. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на 1 км јужно од селото и на околу 500 м оддалеченост од наоѓалиштето Влаку, каде по површината на нивите има фрагменти од керамички садови и орудија од камен и кремен. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бел Камен — некропола од железно време; Градиште — населба од раноантичко, доцноантичко време и среден век; Влаку — населба од неолитско време; Кералот — некропола од римско време; Св. Илија — осамен наод од римско време; Саат Тумба — некропола од римско време; Живојно; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Живојно