Мауро Емануел Икарди Риверо (роден во Росарио, на 19 февруари 1993) — аргентински фудбалер, напаѓач на и репрезентацијата на Аргентина.
Животопис Тоа е најстариот син на Хуан Икарди, роден во Пиемонт, и Аналија Риверо, која има двојно државјанство.
Кариера Клубови Младинска кариера Забележан на 5 годишна возраст од Клуб Инфантил Саратеа, мал тим во областа во северниот дел на Росарио. Во 2002 година, семејството Икарди се преселило во Шпанија во Канарските Острови, во градот Лас Палмас, каде што продолжил да игра фудбал во клубот Весиндарио.
Подоцна талентот на Икарди бил забележан од многу други клубови, а тој одлучил да и се приклучи на Барселона пред почетокот на сезоната 2008-09 и бил вклучен во У-17 тимот. Тој бил промовиран во У-19 тимот за следната сезона, пред да замине во Сампдорија на позајмица во јануари 2011 година. Икарди во својата изјава навел дека заминувањето од Барселона не била лоша одлука, сметајќи дека треба да се оди натаму.
Сампдорија Тој го направил своето деби во Серија Б на 12 мај 2012 против Јуве Стабија, влегувајќи во второто полувреме како замена во 75-тата минута наместото на Бруно Форнароли, и го одбележал своето деби со постигнување на победничкиот гол за победа од 1-2, и на тој начин им овозможил осигурување на плејофот. Сампдорија ја завршува сезоната на шестото место, играјќи и освојувајќи го баражот и избориле промоција во Серија А.
На 26 септември, тој го направил своето деби во Серија А, играјќи против Рома (1-1) а во тринаесеттото коло тој бил стрелец на третиот гол во дербито на Џенова против ФК Џенова во натпревар кој завршил (3-1). На 6 јануари 2013, Икарди постигнал два гола за пресврт со кој Сампдорија го совладала Јувентус со 2-1 во Торино. Потоа тој ги одлучил натпреварите против Пескара (6-0, постигнувајќи четири гола) и Парма (1-0). На крајот на сезоната имал 10 гола во 31 првенствен настап, со што бил најдобар стрелец на Сампдорија во сезоната.
Интер На 8 јули 2013 година, Икарди потпишал за Интер, а подоцна ова било потврдено и на официјалната страна на Сампдорија. Тој учествувал за Интер и на нивната пред-сезонска кампања, а првиот гол во тие натпревари го постигнал против Хамбургер.
Репрезентација Икарди дебитирал за сениорската селекција на Аргентина на 16 октомври 2013, против Уругвај (3-2 за Уругвај).
Хронологија на репрезентативни настапи
Статистика на кариерата Статистиката е ажурирана на 22 декември 2013.
СезонаКлубЛигаНационален купКонтинетални куповиОстанати куповиВкупноНатпНастГолНатпНастГолНатпНастГолНатпНастГолНастГол 2012 Сампдорија Б 2 1 CI 0 0 - - - - - - 2 1 2012-2013 А 31 10 CI 0 0 - - - - - - 31 10Вкупно Сампдорија 33 11 0 0 33 11 2013-2014 Интер А 8 2 CI 1 0 - - - - - - 9 2Вкупно во кариерата 41 13 1 0 42 13
Наводи
Надворешни врски Мауро Икарди на soccerway Мауро Икарди на Transfermarkt Мауро Икарди на Topforward Мауро Икарди на Goal.com Мауро Икарди на espn Мауро Икарди на whosocered
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Родени во 1993 година