Бртви — археолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 500 м североисточно од селото, лево од стариот пат за селото Маково (сега потопен од акумулационото езеро), каде во 1977 година Заводот и музеј од Битола и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Скопје извршиле заштитно ископување при што се откриени темели од објекти градени од камен и кал. Најдени се фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, како и сребрена монета од Валенс. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Манастирец — базилика од старохристијанско време; Дибек — гробница од хеленистичко време; Ѓорев Рид — населба од неолитско и доцноантичко време; Ѓорчева Воденица — населба од римско време; Бројанец — базилика од старохристијанско време; Тумба — населба од бронзено време; Туриграв — населба од доцноантичко време; Ума — населба од доцноантичко време; Шуплевец — населба од бакарно време; Суводол; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи