мини|285п|Масивот Цугшпице — највисока планина во Германија Баварски Алпи () — планински венец во североисточниот дел на Алпите.

Географија Поимот „Баварски Алпи“ во поширока смисла се однесува на делот од Алпите што се наоѓа на територијата на сојузната покраина Баварија, Германија. Меѓутоа, повообичаено е под поимот да се подразбираат планините што се протегаат помеѓу реките Лех и Залах во Германија. Според оваа потесна смисла, во Баварските Алпи не се вбројуваат Алгојските Алпи (кои се во Баварија од релативно поново време) и Берхтесгаденските Алпи.

Одлики Баварските алпи се одликуваат со земјишни облици како циркови, езера и типични леднички долини создадени од ледници кон крајот на последното ледено време. Наносите на реките од тоа време оставиле благ терен во предалпските висорамнини со езера и тресетишта.

Позначајни врвови Планините во поширока смисла ги опфаќаат долунаведените планински венци. Наведените врвови се највисоките што се наоѓаат во Баварија, но не и во целата група. На пример, највисоката планина во Алгојските Алпи е Гросер Кротенкопф (2.657 м) се наоѓа во австриската покраина Тирол и затоа не е наведена тука.

Највисок врв на Баварските Алпи и во цела Германија е Цугшпице. Се наоѓа во западниот дел на венецот Ветерштајн и висок е 2.962 м. Има два мали ледника. Венците се подредени по висина.

Венец Германски Опфат Највисок врв(во Баварија) Висина(м) Алгојски Алпи делумен Хохфротшпице 2.649 Амергауански Алпи претежен Кројцшпице 2.185 Ветерштајн делумен Цугшпице 2.962 Баварски ПредалпиБаварските Предалпи се делат на: Естерски Планини, Валхенски Планини, групата Бенедиктенванд и Мангфалски Планини делумен Кротенкопф 2.086 КарвенделКарвендел: поголемиот дел од венецот се наоѓа во сојузната покраина Тирол, Австрија делумен Естлихе Карвенделшпице 2.538 Кимгавски Алпи претежен Зонтагсхорн 1.961 Берхтесгаденски Алпи претежен Вацман 2.713

Поврзано Баварски Предалпи

Наводи

DAV: Alpenvereins-Jahrbuch "Berg '84": Die Einteilung der Ostalpen Bogner Franz X. (2011). Die deutschen Alpen aus der Luft. Rosenheimer Verlag, ISBN 978-3475540752.

Надворешни врски Опис на Баварските Алпи за планинари

Категорија:Планински венци во Германија Категорија:Планински венци во Австрија Категорија:Алпи Алпи Категорија:Региони во Баварија Категорија:Планински венци во Баварија