РК Делчево — ракометен клуб од Делчево.

Историја

Ракометниот клуб Делчевo е формиран 2011 година од страна на Горан Велков Дипломиран професор по физичко и здравствено образование.Целта на формирањето е развивање на свеста кај младите за спорт и посветување повеќе внимание на спортските активности. Во натпреварувачката 2012/13 година Ракометниот клуб Делчево за првпат влегува во Ракометна Федерација на Македонија и учествува во WINNER Кадетска лига и SPARKASSE Пионерска лига и постигнува забележителни резултати во WINNER Кадетска лига, каде се пласира на final four турнирот. РK Делчево го освојува 3 место и ракометарките се закитуваат со бронзениот медал што е доста значајно бидејќи во првата година од своето учество освојуваат медал. Истата 2013 година добиваат покана од Меѓународниот турнир Атлант 2013 Бугарија. На овој турнир учествуваа ракометни екипи од Македонија, Русија, Украина, Бугарија и Полска. Ракометниот клуб Делчево се покажува во вистинско светло и го освојува првото место и златниот медал.

Екипа

број име позиција датум нараѓање тежинакг висинасм држава1Бојана Захариеваголман08.02.1999 57 1682 Сара Николова десно крило22.09.2000 52 158 3 Марија Гоцевска десно крило18.08.2000 56 163 4 Симона Димовска лев бек12.05.1997 66 1715 Моника Цонева кружен напаѓач29.05.1998 58 168 6 Андреа Крстевска кружен напаѓач 01.05.199769 1627 Александра Георгиевска десно крило10.09.1997 65 1638 Михаела Јанковска среден бек29.05.1998 51 169 9 Анастасија Стоименовска лево крило01.04.1999 48 161 10 Сандра Величковска десен бек17.06.1999 62 174 11 Кристина Атанасовска лев бек29.10.2000 59 170 12 Сандра Митевска голман03.02.1998 70 18013 Моника Сумрачка десно крило08.10.2001 55 162 14 Кети Ангеловска десно крило21.08.2001 5717015 Христина Богдановска кружен напаѓач24.04.1997 61 162 16 Теона Димитровска лев бек26.11.2001 61 165 17 Бојана Георгиевска десен бек21.03.1999 52 17018 Тамара Спасевска кружен напаѓач29.02.2000 60 163 19 Моника Крстевска десен бек 18.10.199856 167 20 Дијана Ивановска десен бек 18.08.199863 171 21 Наталија Стојановска голман07.06.1998 58 163 22 Габриела Атанасовска кружен напаѓач20.07.1999 60 167 23 Ивана Гоцевска десно крило12.03.2000 39 158

Технички персонал

Тренер: Горан Велков Претседател: Ана Стоиловска Заменик Тренер: Ѓорѓи Велинов Доктор: Дејан Златковски Официјално лице: Гоце Стоиловски

Спортска сала

РК Делчево своите спортски активности ги одржува во спортската сала на ООУ Ванчо Прке и спортската сала на СОУ М.М. Брицо каде се играат натпреварите.Спортската сала на М.М. Брицо е со капацитет од 300 гледачи.

Трофеи

Атлант 2013 - Приморско Бугарија Победник (1): 2013 година

WINNER Кадетска лига Трето место: 2012- 2013 година

Категорија:Спорт во Делчево‎ Делчево‎ Категорија:Појавено во 2011 година во Македонија