Ела Марија Лани Јелич-О’Kонор (; р. ; позната по нејзиното сценско име Лорд ) — новозеландска кантавторка. Нејзиниот прв деби албум бил The Love Club, кој е издаден во ноември 2012, и нејзиниот прв сингл „Ројалс“ дебитирале на новозеландската топ список на првото место, а нејзиниот сингл „Ројалс“ на Билбордовата Хот 100 листа, со што таа е првиот самостоен новозеландски артист кој имал број 1 хит во Соединетите Американски Држави и најмлад пејач кој досегнал на топ позицијата на Билборд Хот 100 од 1987 година. Нејзиниот дебитантски албум „Pure Heroine“ e објавен во септември 2013 година.
Со нејзината работа заработила бројни награди и признанија. На 56. Греми награди, Лорд доби 4 номинации, од кои освои за песна на годината и за најдобра поп-соло изведба за песната „Ројалс“.
Ран живот
Лорд е родена на 7 ноември 1996 во Окленд. Нејзина мајка е Соња Јелич наградуван новозеландски поет, а нејзиниот татко е Вик О’Конор, кој е градежен инженер. Таа е израсната во приградската населба на Окленд Девонпорт со нејзината постара сестра (Џери), помал брат (Анџело) и помала сестра (Индија). По потекло таа е од Хрватска и Ирска.
Дискографија
Студиски Албуми Pure Heroine (2013.) Melodrama (2017.) Solar Power (2021.) Virgin (2025.)
EP The Love Club (2012.)
Надворешни врски Официјална страница Официјална Фејсбук Страница Официјален Твитер Профил Официјален Инстаграм Профил
Категорија:Живи луѓе Категорија:Добитници на Греми Категорија:Новозеландски пејачи Категорија:Новозеланѓани со хрватско потекло Категорија:Новозеланѓани со ирско потекло Категорија:Луѓе од Окленд