Лудеј — археолошко наоѓалиште во битолското село Дедебалци. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 2 км од селото, на падините на Селечка Планина, во блокот на ЗИК „Пелагонија“ каде се откриени камени плочи од гробни конструкции, а по површината има фрагменти од керамички садови, тегули, тули и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Тумба — населба од неолитско време; Градиште — населба и некропола од римско време; Арматуш — населба од доцноантичко време; Широка Падина — населба од доцноантичко време; Шупуро — населба од доцноантичко време; Ритче — населба од доцноантичко време; Дедебалци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Дедебалци