Шемоска Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Могила. Претставува населба од неолитско и бронзено време. Се наоѓа на околу 500 м западно од селото. Има неправилна кружна основа со димензии од 100 × 80 м. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, орудија од кремен и камен, како и тегови и куглички за праќа од печена замја.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Рековчанска Тумба — населба од неолитско време; Селска Црква — населба од неолитско време; Тумба во Ливаѓето — населба од неолитско време; Тумба Трнска — населба од неолитско време; Сред Село — населба од неолитско време; Школска Тумба — населба од неолитско време; Роњевска Тумба — населба од неолитско време; Могила; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Могила