Црквиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Свето Тодори. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на околу 700 м источно од селото, каде по површината на нивите се гледаат грамади од кршен камен, фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. Од ова наоѓалиште се однесени во селската црква неколку мермерни предмети: ара без натпис со релјефни украси, стела со релјефна претстава на маж, жена и четири деца, осумаголен мермерен столб (фрагментиран) и фрагментирана мермерна стела која е вградена во камбанаријата.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Василичини Гробишта — некропола од средниот век; Кале — населба од хеленистичко време; Крчин — светилиште и некопола од доцноантичко време; Кутлина — осамен наод од римско време; Кучкина Леска — населба од средниот век; Чешмина — населба од доцноантичко време; Манастир — осамени наоди од римско време; Над Чаир — населба од неолитско време; Свето Тодори; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Свето Тодори