Цирков () — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Риген во Балтичкото Море.

Географија

Цирков се наоѓа во биосферниот резерват Југоисточен Риген помеѓу малиот град Путбус и балтичкото одморалиште Бинц. На североисток се граничи со Шмахтерското Езеро близу Бинц.

Општински единици

Во рамките на општината Цирков се наоѓаат следниве села: Алт Зилиц, Далквиц, Нистелиц, Пантов, Шмахт, Зерамс и Фирвиц.

Историја

Селото Цирков било првпат споменато во 1495. Името на местото доаѓа од словенскиот збор сираков, кој означува „место на сирак“.

До 1326, областа била дел од Кнежевството Риген, а потоа на Војводството Померанија.

До Вестфалскиот мир во 1648 Риген, а со тоа и Цирков, биле под шведска власт. Во 1815, селото заедно со Западна Померанија, потпаднале под пруската Покраина Померанија.

Во 1818, Цирков станал дел од округот Риген и останал таму сè до 2011, освен малиот период од 1952 до 1955 кога бил дел од округот Путбус. Во 2011 станал дел од новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.

Знаменитости

Тулната црква со основа од првата половина на век Историскиот центар на селото со заштитени фахверк куќи Природен резерват Шмахтерско Езеро Ридот Ригенска девица (Rügener Jungfrau)

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница на Цирков

Категорија:Западна Померанија-Риген Категорија:Населени места на Риген