Ко Ун (; р. 1 август 1933)други извори наведуваат 11 април — јужнокорејски поет, романописец и есеист чии дела се преведени во преку 15 земји. Повеќепати бил затворан како борец за демократија во Кореја, а на неколку наврати бил во потесниот круг за Нобеловата награда за литература."Hopes high for Ko Un’s chance for Nobel prize" . The Korea Herald. 7 октомври 2010

Во 2014 г. Ун ја добил престижната награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Живот Роден е во 1933 г. како Ко Унте () во градот Кунсан, во покраината Северна Чола.

Како средношколец претрпел значајни трауми поради страдањата на неговото семејство и другари во Корејската војна. Во моменти на пхихолошки тешкотии, си го оштетил слухот истурајќи си киселина во ушите во обид да се самоубие. Во 1952, пред крајот на војната се замонашил во будистички манастир. По десет години решил да му се врати на световниот живот и ѝ се посетил на поезијата. Од 1963 до 1966 г. живеел во островската покраина Чеџу, каде отворил добротворно училиште, а потоа се преселил во Сеул. Во 1970 г. повторно се соочил со психолошки тегоби и направил втор обид за самоубиство.

Кон крајот на 1972 г. владата на Јужна Кореја го донела Јусинскиот устав со цел да ја ограничи демократијата во земјата. Иако сето време творел, Ун се активирал во демократското движење и станал политички активен, поради што се соочил со четири затворски казни (1974, 1979, 1980 и 1989). Во мај 1980 г. за време на државниот удар под водство на Чун Ду-хван, Ун бил обвинет за предавство и осуден на 20 години затвор. Излегол од затвор во 1982 г. со општо помилување на политичките затвореници.

Иако уживал голема популарност, по ослободувањето водел повлечен живот. На големо изненадување на јавноста се зафатил да ги преработува напишаните песни. Во 1983 г. се оженил и се преселил во градот Ансонг, во покраината Кјонги. Продолжил да пишува и почнал да патува по разни краишта, што му послужило како тематика во неговите творби. Од 2007 г. е вонреден професор по поезија и книжевност на Сеулскиот национален универзитет.

Ви 2011 г. е прогласен за „почесен островјанин“ на Чеџу.

Дела Ун почнал да објавува во 1958 г.1958년 『현대문학』에 <봄밤의 말씀>, <눈길>, <천은사운> 등이 추천되어 등단. Досега издал околу 135 дела поезија, романи на будистичка тематика, автобиографија, една драма, есеи, преводи од класичен кинески јазик, патописи и друго.

Книжевни награди Корејска награда за книжевност (1974, 1987)한국문학작가상 수상(1975) Манхеева книжевна награда (1989)제3회 만해 문학상 수상(1989) Џунганова книжевна награда (1992)중앙문화대상 예술상 수상(1992) Десанова книжевна награда (1993)대산문학상 Манхеева поетска награда (1998) Енгвански орден за културни заслуги (2002)은관문화훈장 награда „Данџе“ (2004)http://www.munhwa.com/news/view.html?no=2004051101012714123003 „Доцнопролетна награда на обеднувањето“ (2005) Бјернсонова награда за слободно изразување — Орден за книжжевност (2005) награда „Цикада“ (2006) поетска награда „Јонгранг“ (2007) Грифинова награда за животно дело (2008) Награда за книжевност на Корејската академија на уметностите (2008) книжевна награда „Америка“ (2011) „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (2014)

Поврзано Корејска книжевност

Наводи

Надворешни врски

Биографија и дела на Ко Ун — Струшки вечери на поезијата Портал на Ко Ун

Категорија:Јужнокорејски поети Категорија:Јужнокорејски писатели Категорија:Корејска книжевност Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата Категорија:Родени во 1933 година Категорија:Живи луѓе