Стара Црква — археолошко наоѓалиште во битолското село Бистрица. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од северозападната страна, и на околу 700 м западно од патот за Битола, на блага падина што се спушта кон левиот брег на Бистричка Река. Со ерозијата на земјиштето се откриени гробови градени од камени плочи - тип циста, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Во Селото — населба од римско време; Св. Ѓорѓија — базилика од старохристијанско време; Бистрица Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Бистрица (Битолско)